Промотивен материјал – торба.
„Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да се охрабри да ја побара. Затоа, активистите за родова правда кои работат на терен се многу важни во препознавањето, идентификувањето и обезбедувањето на прва помош на жртвите, првиот чекор кој може да ги извлече од кругот на насилството.“
Активноста се реализираше со поддршка од Општина Прилеп, а во рамки на проектот: „Правно зајакнување и поддршка на најмаргинализираните“.


