СТАНИЦА ПЕТ со придонес во процесот на унапредување на Локалниот акциски план за Зелена агенда на Општина Прилеп

На 14 мај 2026 година, тимот на Здружение СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на фокус група организирана во соработка со Општина Прилеп, посветена на унапредувањето на Локалниот акциски план за Зелена агенда.

На настанот беше разгледана нацрт-верзијата на планот, подготвена врз основа на претходно реализирана работилница, при што учесниците дискутираа за приоритетите и мерките во областа на управувањето со отпад, енергетската ефикасност, мобилноста и транспортот, заштитата на природните ресурси и подобрувањето на квалитетот на животната средина.Настанот беше организиран во рамките на проектот „Climate Bridges – Network in Action“, кој е дел од EUKI – European Climate Initiative. Проектот е финансиран од Германското федерално министерство за животна средина, климатски акции, заштита на природата и нуклеарна безбедност (BMUKN), а го спроведуваат Urban Research Institute, CIPRA International, Udruga Zelena Istra, CENER 21, Center for Energy, Environment and Resources и Центар за климатски промени.

Претставниците на СТАНИЦА ПЕТ активно се вклучија во дискусијата и дадоа предлози и препораки кои произлегуваат од долгогодишната работа на здружението во областа на заштитата на животната средина, граѓанското учество и соработката со локалните институции. Особено беше нагласена важноста од поголемо вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки и следење на спроведувањето на локалните политики поврзани со животната средина. Учеството на СТАНИЦА ПЕТ на оваа фокус група е во согласност со активностите што здружението ги спроведува во рамките на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина“, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија. Целта на овој проект е да ја зајакне соработката помеѓу граѓаните, граѓанските организации и локалните власти во креирањето и спроведувањето на политики за одржлив локален развој и подобра заштита на животната средина.

Фокус групата претставуваше значаен чекор кон изработка на инклузивен и применлив Локален акциски план за Зелена агенда, кој ќе придонесе за поодржлив развој на Општина Прилеп и подобрување на состојбата со животната средина во локалната заедница.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

    Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп. Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше серија на обуки за промоторите во заедницата

    “Пристап до правда – да се знае, користи и обликува правото“! Во периодот февруари – јули 2020 година, здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. одржа серија на обуки за промоторите во заедницата, со цел правно зајакнување на Ромите. Трите обуки се спроведоа во рамките на активноста: „Серија обуки за правно зајакнување на промотори…

  • Мрежа за заштита од дискриминација: Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

    Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна…

  • Круг на лидерство на ромските жени: Од тишина до сила

    Во една од нашите целни заедници, нешто моќно тивко се вкоренува. Она што започна како неколку жени кои се собраа по сесија за правен совет, прерасна во самоорганизиран, врснички предводен Круг на лидери на жени Ромки. Оваа инспиративна група жени сега редовно се состанува за да споделуваат искуства, да учат за своите права и да…

  • Реакција на граѓанските организации – „Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза“

    Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот…

  • Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп подготви Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош (Прилеп – Мариовски регион, Кривогаштани и Долнени). Од истражувањето произлезе инфографик каде се сумирани собраните податоци од граѓаните кои наголемо ја истакнуваат потребата од воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош во општините…