Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите.

На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со Станица ПЕТ, се говореше за работничките права на жените, за руралните жени и нивното право на мајчинско отсуство, за женската сиромаштија.

Ана Аврамоска Нушкова од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство зборуваше за тоа како да се организираат специјализирани услуги за жени жртви на родово-базирано насилство, а Весна Шапкоски од СТАНИЦА ПЕТ зборуваше за здравствена заштита за жените од руралните средини, истакнувајќи ги правата на породилно отсуство, правата на жените земјоделки и ограничениот пристап до различни услуги.

Similar Posts

  • Мрежа за заштита од дискриминација: Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

    Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна…

  • Учество на обука за застапување против семејното насилство

    Правилното информирање на јавноста за природата на семејното насилство и фактичката состојба на жените што претрепеле семејно насилство, како и законските механизми за заштита придонесува за зголемување на општетвената поддршка и охрабување на жените да го пријават насилството и побараат помош и поддршка. Во периодот 2-3 октомври се одржа Обука за етичко, професионално и законско…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе…

  • Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

    Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма –…

  • Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување

    Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе случаи…

  • Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување

    Во периодот 23-30 ноември, четворица претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на Практичната програма за правно зајакнување, во организација на Украинската практична школа за пристап до правда. Во рамки на оваа програма заедно со уште 4 други тимови од Полска/Украина, Киргистан, Кенија и Северна Македонија се развиваа идеи за воведување на иновативни решенија во работата на…