Школа за родова еднаквост

Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот.

Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од Пелагонискиот регион, кои беа избрани со цел да се обучат и едуцираат на теми поврзани со родовата еднаквост, правата на жените и девојките и начини за активно учество во нивното  зајакнување.

Целта на школата беше да се создаде мрежа на родови промотори кои ќе продолжат да работат на имплементацијата на проектот во своите заедници и кои ќе придонесат за подигнување на свесноста за родовата еднаквост и важноста на оснажување на жените и девојките во Пелагонија.

Школата беше спроведена преку интерактивни работилници, предавања, групни дискусии и студии на случаи. Програмата ги опфати темите на основи на родовата еднаквост преку кои учесниците учеа за основни теоретски концепти, како што се род, пол, родова улога и родови стереотипи. Учениците научија како да разликуваат родова дискриминација од други видови нееднаквости, специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во Пелагонија, како што се ограничените можности за вработување, недостатокот на образовни ресурси, како и социокултурните бариери. Учесниците научија како да се организираат и да влијаат на своите заедници преку кампањи, јавни говори и иницијативи за промена на ставовите и законодавството во врска со родовата еднаквост. Истите се стекнаа со вештини за идентификување и решавање на проблемите на жените во своите локални заедници.

Реализацијата на Школата за родова еднаквост претставува значаен чекор кон зајакнување на жените и девојките во Пелагонија, како и нивно активно вклучување во процесот на промена на свеста и ставовите во нивните заедници. Со оваа школа, проектот не само што обезбедува неопходна едукација и ресурси за учесниците, туку и создава трајни влијанија преку формирањето на мрежа од промотори на родова еднаквост која ќе продолжи да работи на унапредување на родовата еднаквост во регионот.

„Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект кој го спроведува Центарот граѓанска иницијатива – Прилеп во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Similar Posts

  • Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација

    Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација Мрежата за спречување и заштита од дискриминација[1] во целост ги поддржува предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на КОВИД-19 вирусот. Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки…

  • Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања

    На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“. На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на…

  • Реализирани три фокус групи во рамки на проектот „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Во периодот 23.07. – 30.07.2020 година беа реализирани три фокус групи во рамките на проектот: „Анти – корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, за анализа на квалитетот на реалните услуги кои ги добиваат граѓаните кои се предмет на јавните набавки во здравствените установи. За време на трите фокус групи кои се одржаа на 23ти,…

  • Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка

    Подносителите на оваа реакција како здруженија кои се или соработуваат со правни лица оштетени од одземањето на дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје од страна на Народната банка на РСМ, на ден 12.08.2020, се само дел од бројните граѓани и фирми чии средства останаа заглавени во, сега веќе, стечајната маса на оваа Банка….

  • Од отпад до храна за земјата – успешен циклус на компостирање во Ропотово

    Во периодот мај–октомври 2025 година, во село Ропотово се спроведуваше процесот на колективно компостирање на органски отпад. Со помош на поставените три станици за собирање на органски отпад и една станица за компостирање, локалните жители, заедно со вработените во комуналното претпријатие и тимот на СТАНИЦА ПЕТ, се грижeа и го одржуваа материјалот додека компостот „зрееше“…

  • Летна школа за параправници

    „Ако правото не е достапно за сите тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!“     Во периодот 28-30 јули 2021 година, се одржа летна школа за параправници која ја организираше Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Главната цел на обуката беше параправниците…