Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации

Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. во рамките на проектот: „Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција“, објавува Повик за учесници на Интер-религиската школа за комуникации.

Доколку сте претставник на граѓанска организација или религиозна група и сакате да дознаете повеќе за меѓусебната толеранција и комуникација, како и да имате можност креативно да ги изразите своите верувања и вредности, овој повик е за вас.

Пријавете се на:
076/278-753 или [email protected]

Целосниот повик можете да го преземете на следниот линк:

Similar Posts

  • ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 25 септември 2021 во општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во населба Тризла 2, м.в. Кај Крстот, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста…

  • Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“

    На ден 14.05.2024 година, беше организирана јавна изложба на уметнички дела од учесниците на дводневната уметничка работилница, на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирување и градење мир. Со оваа јавна изложба испративме јасна порака дека уметничкото творештво може да се претстави пред пошироката…

  • Мрежа за заштита од дискриминација: Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

    Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна…

  • МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ИЗБОР НА СТРУЧНИ И КОМПЕТЕНТНИ ЛИЦА ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Мрежата за заштита од дискриминација континуирано ја следи  работата на Народниот правобранител како национална институција за човекови права и во последните неколку години има идентификувано повеќе пречки во целокупното нејзино функционирање кои ја ослабуваат нејзината ефикасност и ефективност како институција и ја спречуваат во комплетно исполнување на нејзините надлежности. Меѓу најгорливите се недостатокот на рамномерна…

  • Школа за родова еднаквост

    Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот. Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од…

  • Спроведени три едукативни работилници на тема: „Родови нееднаквости – стереотипи, предрасуди и дискриминација“

    Во периодот февруари – април беа одржани вториот сет од три едукативни работилници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, на кои присуствуваа вкупно 47 учесници. Темата на работилниците беше „Стереотипи, родови стереотипи, предрасуди и дискриминација“, со фокус на препознавање на овие појави и нивното влијание врз поединците и заедницата. Целта на работилниците беше да се…