Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина

17 март 2022 година

Од 24 февруари 2022 година, нашите колеги во Украина се најдоа во воена зона. Русија брутално ја нападна Украина, започнувајќи нелегална војна против мирољубив сосед. Руската неиспровоцирана агресија достигна страшни размери. Путин и неговите соработници се лично одговорни за ова злосторство – гранатирање цивилни области, уништување на објекти на социјалната инфраструктура, убиства на цивили и затворање на про-украински активисти.

Но, како резултат на руската агресија, украинското општество стана покохезивно, посилно и поефикасно. И ние, како организации за правно зајакнување, имаме задача да ја одиграме нашата улога.

Нашите браќа и сестри од Украина ги мобилизираат сите свои мрежи и ресурси за да им помогнат на нивните заедници. Луѓето доаѓаат кај нивните параправници и правници за правна помош, за документи за преминување на границата, за нивните права во воена состојба, привремено сместување и преселување, поддршка за мали бизниси и други работи. Нашите украински колеги обезбедуваат логистичка поддршка за дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи храна, облека и лекови. Тие помагаат во управувањето со кризата, помагајќи да се подобри комуникацијата помеѓу локалните власти, жителите, волонтерите и внатрешно раселените лица.

Тие остануваат силни за украинските заедници! Дури и оние кои се на териториите окупирани од Русија продолжуваат да работат. Тие често се единствените кои сега обезбедуваат правна помош на луѓето во овие области.

Да застанеме заедно со Украина! Да застанеме задно со украинските бранители на правдата!

Нашите колеги формираа коалиција од украински организации и активисти – Коалиција  за Солидарност и Правда – кои го зајакнуваат правниот капацитет на заедниците низ целата земја. Тие ќе ги координираат иницијативите на локално ниво, ќе споделуваат ефективни искуства, ќе ги поврзат барањата за правна помош со поширока мрежа на адвокати и ќе создадат хуманитарни синџири за снабдување и безбедни рути за евакуација. Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија повикува да се поддржат украинските заедници и работата на украинските бранители на правдата. Дури и во време на војна, правното зајакнување е од суштинско значење.

[Донирајте за Украинската Коалиција за Солидарност и Правда]

На сите наши пријатели и сојузници во Мрежата за правно зајакнување и пошироко, ви благодариме за вашата солидарност. Борбата на нашите украински браќа и сестри не е само за иднината на Украина, туку и за сите борци за правда на браникот на демократијата.

Основниот тим

на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија

Similar Posts

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми

    На ден 30.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа втората фокус група со млади лица, припадници на ромската заедница.На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација. ——————————————————————————————————–Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • „Од едукација до акција: Поставен првиот систем за колективно компостирање во село Ропотово“

    Во рамки на нашите активности за зајакнување на локалните капацитети за одржливо управување со отпадот, успешно реализиравме тридневна обука за компостирање со вработените од Јавното комунално претпријатие Долнени. Работилниците беа одржани на 03.04.2025, 15.04.2025 и 06.05.2025 година во с. Ропотово, која резултираше со воспоставување систем за собирање и преработка на органски отпад на локално ниво….

  • Дистрибуција на промотивен материјал

    Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои. Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за…

  • Информативно видео за Борба против корупција

    СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период подготви информативно видео за Борба против корупција. Корупцијата и судирот на интереси постојат во секоја сфера од општественото живеење. Затоа, потребно е препознавање, охрабрување и пријавување на овие негативни појави. Целта на видеото е правна едукација на пошироката јавност преку илустративен приказ за основните информации за борбата против корупцијата, постапката и…