СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп.

Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и суплементи кои се потребни за зајакнување на имунитетот кога има појава или постои зголемен ризик од појава на Ковид-19.

Вообичаено, суплементите кои ги препорачуваат медицинските лица за време на пандемијата со Ковид-19 се многу скапи и најчесто одат во комбинација со други лекарства и витамини за заштита на имунолошкиот систем и намалување на штетните ефекти на Ковид. Сите овие суплементи и лекарства за заштита од Ковид се неопходни за спречување, но и намалување на штетните ефекти на вирусот, кои во комбинација со другите мерки (носење маска, држење растојание, редовна хигиена на рацете) се очекува да ги дадат посакуваните резултати. 

Набавката на овие суплементи и лекарства ги изложува посиромашните граѓани на дополнителни трошоци, па најчесто одлучуваат и воопшто да не ги набават и да се лекуваат со “домашни“ лекови што секако може да ја загрози нивната и онака тешка состојба, а нема да ги заштити од појава на Ковид. Граѓаните често напоменуваат и дека во случај на зараза со Ковид им се потребни и по неколку илјади денари за витамини, суплементи, антикоагуланти и други дополнителни препарати кои се дел од задолжителната терапија за лекување на Ковид, освен антибиотиците кои се на позитивната листа.

Активноста се спроведе како дел од проектот: „Covid-19 Grassroots Justice Project“, кој Здружение Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот декември 2020 – август 2021, поддржан од The Fund for Global Human Rights.

Similar Posts

  • Зајакнување на улогата на жените во контролата на мало и лесно оружје и спречувањето на родовото насилство во Западен Балкан – регионална работилница

    Препознавајќи ја клучната улога на женските организации во застапувањето за одржување на мирот, разоружувањето и борбата против родовото и семејното насилство, SEESAC* собра претставници од 18 женски организации од Западен Балкан на работилница за род и мало и лесно оружје, одржана во Тирана на 1-2 јули 2025 година. Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА ПЕТ…

  • Отворен ден во СТАНИЦА П.Е.Т. – Запознај не и приклучи се

    На ден 01.03.2019 година во канцеларијата на здружението се реализираше отворен ден со цел запознавање на граѓаните на општина Прилеп со работата, активностите и локацијата на здружението, како место каде сите граѓани можат да се обратат за совети и првана едукација, а институциите за посредување при нудење услуги кон граѓаните. Во текот на денот 30тина…

  • Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

    “Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“. Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“

    Во изминатиот период здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 160 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион (с. Витолиште, с. Штавица), с. Кривогаштани и с. Воѓани, с. Долнени, с. Ропотово и с. Дупјачани, како и Ромската заедница во населба Тризла на кои преку делење на промотивен материјал – маичка ги едуцираа за…

  • Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување

    Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе случаи…