„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“

Мрежа за заштита од дискриминација и Коалиција Маргини го објавија вториот документ за јавни политики „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“.

Авторка на истражувањето е Александра Цветановска, проектна координаторка и правна советничка од Македонското здружение на млади правници.

Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт за европска политика (ЕПИ).

Овој документ ја истражува функционалноста на системот за пребарување на судските одлуки во областа на заштита на правото на еднаквост во државата, анализирајќи ја притоа и законската рамка за евидентирање и упис на предметите во судовите. Документот ќе се осврне на неможноста судските одлуки за заштита од дискриминација да се пребаруваат по дискриминаторски основ, облиците и видовите на дискриминација и други податоци, што е исклучително важно во ваквите предмети и претставува пречка во можноста за обработка на податоците и за анализа на судската пракса.

Првиот дел од документот се осврнува на правната регулираност за упис на судските предмети за заштита од дискриминација и досегашната практика на судовите во државата. Во вториот дел, пак, преку тестирање на порталот sud.mk, се дава приказ на практичната достапност на судските одлуки. Во процесот се користи истражување на законската регулатива за заведување на предметите, а преку описниот метод се опишуваат состојбите со заведувањето на предметите за заштита на правото на еднаквост во различните судови.

Документот во електронски формат е достапен на македонски и на албански јазик на: http://coalition.org.mk/portfolio_page/пристапноста-на-судските-одлуки-од-об/

Прирачникот е подготвен во рамки на проектот на Мрежата за заштита од дискриминација – „Унапредување на еднаквоста преку следење и зајакнување на системот за спречување и заштита од дискриминација“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Similar Posts

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за обука за тимот на здружението за обезбедување психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство според националните стандарди

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ поддржан од Австриската агенција за развој (АДА), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на 1 (еден) Експерт…

  • Информативно видео за Борба против корупција

    СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период подготви информативно видео за Борба против корупција. Корупцијата и судирот на интереси постојат во секоја сфера од општественото живеење. Затоа, потребно е препознавање, охрабрување и пријавување на овие негативни појави. Целта на видеото е правна едукација на пошироката јавност преку илустративен приказ за основните информации за борбата против корупцијата, постапката и…

  • Јавна дискусија: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп на 27.10.2020 година, во х. Кристал Палас организираше јавна дискусија во рамките на проектот: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, кој се спроведува во периодот ноември 2019 – октомври 2020 година, а главната цел е сензибилизирање на јавните здравствени установи за поголема отчетност и…

  • Дводневна обука за промотори во заедницата

    Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и…

  • Биди одговорен кон себе и другите!

    Со цел да се избегне организирањето на масовни собири, нашите Промотори во заедницата во периодот март – април остварија околу 200 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, поделија флаери со препораките од СЗО и Министерството за здравство и средства за лична хигиена. Активноста беше насочена кон семејствата кои поради сиромаштијата, лошите услови…

  • Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали

    Во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, подготвени беа промотивни материјали за информирање и едуцирање на грѓаните од маргинализираните заедници. Во периодот мај-јули 2022 година, четири посебни акции за распределба на промотивните материјали беа организирани меѓу граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени – по една во селата каде што е активна Мобилната…