Дел од мерките се олабавија, но она што се случува деновиве со бројот на заболени ни покажува дека НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ!
Во текот на изминатата недела нашите Промотори во заедницата остварија околу 120 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, каде поделија маски, средства за лична хигиена и симболично метро, со цел на граѓаните да им се укаже на потребата од држење 2 метри растојание.
Потребата за акцијата произлезе од големиот број на заболени во последниот период и т.н. олабавување на граѓаните поради намалување на рестриктивноста на мерките. Токму поради ова, со акцијата нашите Промотори во заедницата на креативен начин активно се вклучија во одржување на свеста на граѓаните за почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид -19.
Благодарност до Општина Прилеп за донацијата од 600 маски, со кои ја помогнаа оваа акција.
Јавното здравје е заедничка одговорност!
