ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ (2021)

Промотивен материјал за важноста од одржување на здрава животна средина.

Во изминатиот период Станица П.Е.Т. подготви промотивен материјал – торба и флаер во рамките на проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“ чија цел е да се истакне важноста од одржување на здрава животна средина.

Исто така, беше организиран и 5 дневен едукативен караван во Општина Кривогаштани (с.Обршани, с.Воѓани и с.Кривогаштани) и Општина Прилеп (нас.Тризла и во центарот на градот) каде граѓаните имаа можност да се едуцираат за заштита на средината во која живеат, да научат некои интересни факти и да се потсетат на некои важни препораки.

Similar Posts

  • Безбедна мајка – безбедно дете – здрава иднина

    Втората информативна содржина – „Безбедна мајка, безбедно дете – здрава иднина“, ја истакнува пораката дека безбедна мајка значи сигурно дете и ги охрабрува жените да побараат поддршка, нагласувајќи дека насилството не е нивна вина. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го…

  • Лични искуства на жртвите на родово-базирано насилство

    Зад секој цитат стои човечка приказна која не смее да се игнорира. Лични искуства на жртвите на родово-базирано насилство. **Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ:…

  • ТОРБА (2021)

    Промоција на Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени. Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна консултација, совет, пополнување на документи, комплетирање на документација за остварување на некое право од социјална, здравствена заштита, земјоделска дејност, работни…

  • ЧАДОР (2022)

    Промотивен материјал – чадор. Точна информација – успешно лекување!Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори…

  • Иницијативата Зелен петок – мал чекор, голема промена!

    8 месеци. 8 акции. 240 вклучени граѓани. Преку иницијативата „Зелен петок“ заедно со граѓаните, учениците, институциите и бизнис секторот работевме на подигање на еколошката свест во Прилеп. Мапа на еко грижи и идеи за Прилеп Едукативни работилници Ликовна работилница и изложба „Еко перспективи за Прилеп“ Акции за чистење Две акции „Размена наместо отпад“ Малите чекори…