Твоите граници се важни!

ТВОИТЕ ГРАНИЦИ СЕ ВАЖНИ!


ПРЕПОЗНАЈ • РЕАГИРАЈ • ПОБАРАЈ ПОДДРШКА

Како да препознаеш нездрава врска?

Внимавај ако некој:

  • Постојано бара да знае каде си и со кого си.
  • Ти ги проверува телефонот и пораките.
  • Ти забранува да се дружиш со одредени луѓе.
  • Те обвинува за својата љубомора и лутина.
  • Те притиска да направиш нешто што не го сакаш.
  • Те уценува, заплашува или ти се заканува.
  • Те тера да се чувствуваш виновна кога поставуваш граници.

Љубомората не е доказ за љубов. Контролата не е грижа.

Што можеш да направиш за да се заштитиш?

  • Поставувај јасни лични граници – имаш право да кажеш НЕ.
  • Не споделувај лозинки и приватни податоци.
  • Не испраќај лични содржини под притисок.
  • Зачувај пораки и докази доколку некој те вознемирува или ти се заканува.
  • Разговарај со личност на која ѝ веруваш.
  • Побарај стручна помош доколку се чувствуваш загрозено.
  • Доколку си во непосредна опасност, побарај итна помош.

ТВОЈОТ ГЛАС Е ВАЖЕН.

ТВОИТЕ ГРАНИЦИ СЕ ВАЖНИ.

ТВОЈАТА БЕЗБЕДНОСТ Е ВАЖНА!


Овој материјал е целосно финансиран од Националната мрежа против насислтво врз жените и семејно насилство, преку Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени внатре. Само Здружение СТАНИЦА ПЕТ има одговорност за содржината.

Similar Posts

  • МАИЦА (2020)

    Антикорупцијата во здравството низ призмата на теренската работа! Во периодот август-септември 2020, беше изработен промотивен материјал – маица на чија предна страна беа испечатени цитати (фрази), кои се дел од заклучоците добиени од одржаните индивидуалните интервјуа и фокус групите со корисници на услуги на ЈЗУ Општа Болница Прилеп. Во текот на месец септември 2020 година…

  • Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена?

    Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и за која намена? *Информативниот материјал е подготвен во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена…

  • Демнење – не е внимание. Тоа е насилство!

    Демнењето не е внимание. Не е љубов. Не е грижа. Тоа е НАСИЛСТВО. Следење во живо и на социјални мрежи, проверување каде си и несакан контакт по раскинување – се форми на демнење. Имаш право на безбедност. Побарај помош. Пријави. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка…

  • ТОРБА (2023)

    Промотивен материјал – торба. „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да…

  • Иницијативата Зелен петок – мал чекор, голема промена!

    8 месеци. 8 акции. 240 вклучени граѓани. Преку иницијативата „Зелен петок“ заедно со граѓаните, учениците, институциите и бизнис секторот работевме на подигање на еколошката свест во Прилеп. Мапа на еко грижи и идеи за Прилеп Едукативни работилници Ликовна работилница и изложба „Еко перспективи за Прилеп“ Акции за чистење Две акции „Размена наместо отпад“ Малите чекори…

  • Информативен флаер – услуги на психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

    Информативен флаер кој се однесува на обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Главната порака е дека жртвите не се сами и дека поддршката е лесно достапна. Исто така, флаерот нагласува дека поддршката е бесплатна, доверлива и стручна, и ги охрабрува жртвите да побараат помош. Покрај тоа, флаерот…