
Твоите права не се привилегија. Има кој да ти помогне да ги оствариш.
Кога живееш со насилство, страв или контрола, можеби најтешко е да знаеш што е следниот чекор. Не мора сама да ги познаваш законите, процедурите и институциите.
Во Советувалиштето на Станица ПЕТ можеш да добиеш информации, советување и поддршка за твојата конкретна ситуација.
- Што можеме да ти понудиме?
- информации за твоите права и можностите за заштита;
- правно советување во врска со семејно и родово базирано насилство;
- информации за постапките пред надлежните институции;
- помош при разбирање на документи и постапки;
- поддршка при подготовка за обраќање до институциите;
- информации за можностите за пријавување и заштита;
- упатување до соодветни институции и други специјализирани услуги;
- поддршка во текот на процесот, според твоите потреби.
2. Не знаеш дали тоа што ти се случува е насилство?
И тоа е доволна причина да ни се јавиш.
- Не мора да имаш подготвена пријава.
- Не мора да знаеш кој закон се применува.
- Не мора да имаш докази подготвени пред да побараш информации.
Можеш прво само да разговараш со нас и да дознаеш кои се твоите можности.
3. Како да побараш правна помош?
📱 Viber/WhatsApp: 076/278-753 📧 E-mail: [email protected]
Можеш да ни напишеш кратка порака, на пример:
„Ми треба правен совет во врска со семејно насилство. Би сакала да разговарам со некого.“
Не мора да ја раскажеш целата приказна во првата порака.
4. Ако си во непосредна опасност
Ако постои непосредна опасност по твојот живот или безбедност, приоритет е да се обезбедиш на безбедно место и да контактираш со надлежните итни служби/полиција на тел. 112. Станица ПЕТ може да ти помогне да ги разбереш можностите за поддршка и да те упати кон соодветните услуги.
Твоите права се важни. Не мора сама да се снаоѓаш низ системот.