STOP the poisoning! – environmental justice for the citizens of Prilep

The right to safety and a safe environment is inviolable and no one must compromise it for any interest, bigger business or political!

Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување на надлежните институции во врска со забележаното подолготрајно загадување на животната средина кое се шири низ поголемиот дел на градот Прилеп и претставува опасност по здравјето на граѓаните. Имено, голем број на граѓани од различни населби од градот Прилеп, а во најголем дел од населбата Чачорица и околните населби во изминатиот период реагираат на присуство на неподнослива миризба на горење или топење на опасни материи како смола или пластика, која се јавува секој ден во вечерните часови, односно после 21 часот, а во неработните денови и преку целиот ден.

Миризбата доаѓа од комплексот во склоп на поранешната фабрика „11ти Октомври“ лоцирана во Прилеп на ул. Александар Македонски (Моша Пијаде) бр. 2/42, односно како што претпоставуваат граѓаните од некој од погоните во приватна сопственост кој моментално функционираат во комплексот на поранешната фабрика. Миризбата трае повеќе часови во текот на ноќта и истата е до толку неподнослива што граѓаните неможат да отворат прозорец ниту да се движат на отворено во наведениот период, а притоа јасно е дека не се работи за чад од некој од пожарите кој повремено се јавуваат на територијата на градот, туку повеќечасовно согорување на опасни материи. На ваквата состојба, веќе неколку недели граѓаните индивидуално реагираат со усни и писмени пријави до Центарот за управување со кризи (преку телефонскиот број 112) и во Општина Прилеп односно Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, но се досега, на ниту една од овие пријави не е постапено, односно институциите не ги земаат во предвид пријавите и состојбата не само што не се подобрува, туку секој ден има се поголем интензитет. Во врска со проблемот, граѓаните споделуваат и бројни реакции на социјалните мрежи.

 Со пријавата, а согласно постојната законска регулатива беше побарано од надлежниот инспекциски орган итно да изврши вонреден инспекциски надзор на пријавената состојба, да го утврди потеклото и предизвикувачот на опасната миризба и да изрече соодветни мерки за негово санкционирање и отстранување на опасноста. Исто така, беше побарано Народниот правобранител да го испита пропуштањето на преземање на дејствија од горенаведените органи на државната управа (Центар за управување со кризи) како и орган на единицата на локалната самоуправа (Општина Прилеп – Одделение за урбанизам и заштита на животната средина) и да преземе соодветни дејствија согласно своите надлежности за заштита на правото на граѓаните на здрава и безбедна животна средина.

После поднесената пријава, Станица ПЕТ целосно го поддржа и граѓанскиот протест на 16.09.2023 година, на кој со големо присуство од жителите на општина Прилеп, како и медиумска поддршка беше побарано од надлежните институции да се утврди потеклото и предизвикувачот на опасната миризба, да се изречат соодветни мерки за негово санкционирање и отстранување на опасноста, но и да се испита пропуштањето на преземање на дејствија од страна на органите на државната управа и покрај бројните поднесени пријави од страна на граѓаните.

За време на протестот, со изјава за медиумите и реакција се произнесе и извршната директорка на нашето здружение Весна Шапкоски, која побара одговорност од страна на надлежните институции за штетата која им се нанесува на граѓаните по нивното здравје.

Во прилог линкови од изјавата за медиуми:

*Инфокомпас

*Сител ТВ

Транспарентите на граѓаните уште појасно ја отсликуваа реалната состојба во врска со проблемот и истакнаа: „Дишењето е опасно по живот!“, „Здравјето пред профитот“, „Разбудете се, не трујат!“, „Господа трујачи! Протестирам и за вашето здравје!“.

Во текот на изминатиот период, Станица ПЕТ доби одговори од сите надлежни институции по однос на поднесената пријава, освен од Општина Прилеп, во кои се произнесуваат по однос на наводите во пријавата.

Од страна на Центарот за управување со кризи, на 26.09.2023 година, добиен е одговор дека: „по примените 9 пријави на бројот за итни повици 112, истите се обработени и согласно процедурите се испратени до Дежурен оперативен центар и Регионален центар за управување со кризи Битола, направени се и консултации со ТППЕ Прилеп и СВР Битола, постапено е согласно Мапа на работен процес и информацијата веднаш е препратена до Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп и е побарано превземање на мерки и активности за решавање на проблемот. Одржана е седница – Координативен состанок во ЛС Прилеп со сите вклучени субјекти – институции, разгледано е прашањето и е донесен заклучок Инспекторатот за екологија од ЛС Прилеп во соработка со ПС Прилеп да вршат повеќе ненајавени контроли со цел да се утврди точниот извор на миризбата, отпадот кој секојдневно се пали во кругот на фабриката да биде отстранет и да се елиминира како потенцијален извор на миризбата“.

Од страна на Инспекциски совет на РСМ, на 26.09.2023 година, добивме известување дека: „Инспекцискиот совет, со особено внимание ја разгледа претставката и дека истата ја достави во надлежност и понатамошно постапување на Државниот инспекторат за животна средина“.

На 26.09.2023 година, е добиено извесстување и од страна на Државниот инспекторат за животна средина, во кое се наведува дека: „е извршен вонреден инспекциски надзор во Друштво за производство, промет и услуги ЛАМИНАТИ КОМ ДОО – Прилеп кое поседува Б – Интегрирана еколошка дозвола. Побарано е од Општина Прилеп да се изврши Инспекциски надзор во посочениот правен субјект, како и во соседните субјекти. Потоа, на барање на општината е одржан координативен инспекциски надзор во кругот на фабриката, при што е утврдено дека на источната страна од комплексот до оградата има изгасната опожарена површина од страна на ТППЕ Прилеп и не се чувствуваше непријатна миризба. Во кругот на фабриката имаше отпадоци од индустриското производство на фабриката како и репроматеријали. За време на надзорот присуствуваше и стечајниот управник на 11 Октомври Еурокомпозити АД Прилеп во стечај кој изјави дека биле формирани две ќерки фирми – 11 Октомври Еурокомпозити и Еуромеханика и дека отпадот каде што е појавен пожарот не е во делот на правниот субјект 11 Октомври Еурокомпозити. На ден 13.09.2023 година, бил извршен и инспекциски надзор од страна на овластен инспектор за ЖС и инспектор за економски криминал од МВР – НККР Прилеп и раководителот на инспекторатот на Општина Прилеп кои во моментот на увидот забележале појава на чад и непријатна миризба за што била повикана екипа од ТППЕ Прилеп која ја изгасила опожарената површина. Понатамошна постапка се води од овластениот инспектор за животна средина од Општина Прилеп согласно законските овластувања.“

На 10.10.2023 година, добиено е известување од Народниот правобранител дека: „е покрената постапка и заради испитување на претставката во рамките на својата надлежност се обрати до Државниот инспекторат за животна средина во Скопје и побара веднаш да се изврши вонреден инспекциски надзор“.

Станица ПЕТ продолжува со внимание да го следи случајот и ќе стоиме во поддршка на правото на здрава животна средина на граѓаните на Општина Прилеп. Поради тоа, бараме сериозен, координиран и сеопфатен пристап за откривање и отстранување на изворот на загадувањето, како и санкционирање на предизвикувачот!

#enviornmentaljustice

#healthbeforewealth

Similar Posts

  • Anti-corruption in healthcare through the prism of fieldwork

    Within the project: „Anti-corruption in health and education at the local level”, supported by the Foundation Open Society – Macedonia, on 15.09.2020, Association LET STATION organized the distribution of promotional material “from door to door“ to the citizens in the community, presenting the data obtained from the research on anti-corruption in healthcare. According to the conducted…

  • ACCESS TO CLIMATE JUSTICE THROUGH CREATIVE ACTION – Trizla settlement

    Association for Legal Education and Transparency LET Station on 25th of September 2021 in the municipality of Prilep conducted a Creative action to inform and raise awareness regarding the danger of climate change. The action took place in the settlement Trizla 2, m.v. Kaj Krstot, which aimed to raise awareness and inform the general public about the dangers…

  • L.E.T. Station realized an online paralegal school

    If law is not available to all then justice is not available to all. And if justice is not available to all, it is not a right but a privilege! In the period of 22-25 June 2020, was held an online school for paralegals, organized by the Association for Legal Education and Transparency L.E.T. Station…