Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. е организација базирана во заедницата, посветена на правно зајакнување и унапредување на пристапот до правда за маргинализираните заедници во Северна Македонија, со посебен фокус на ромските и руралните заедници. Во нашата работа применуваме пристап заснован на заедницата, преку кој ги поддржуваме граѓаните активно да ги остварат своите права и да учествуваат во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Нашата работа е дополнително насочена кон унапредување на родовата еднаквост и спречување и заштита од родово базирано и семејно насилство, како и кон заштита на животната средина и поттикнување на локален граѓански активизам. Паралелно, продолжуваме да работиме на унапредување на здравствените права, со посебен фокус на намалување на корупцијата во здравствениот систем и зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

Како дел од нашите активности, обезбедуваме правна и административна помош, психосоцијална поддршка, економско зајакнување и кариерно насочување. Организираме теренски активности, ја мобилизираме заедницата и активно се вклучуваме во процеси на застапување за надминување на клучните бариери со кои се соочуваат граѓаните во остварувањето на нивните права. Особено сме посветени на олеснување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и институциите, како и на зајакнување на транспарентноста, отчетноста и отвореноста на јавните институции. Веруваме дека информирани и активни граѓани се клучни за создавање на поинклузивно и праведно општество.

Нашиот тим го сочинуваат правници, параправници, здравствени и родови промотори, еко амбасадори, како и стручни лица од областа на психосоцијална поддршка, кои работат заедно и континуирано ги унапредуваат своите знаења и практики.

Активностите ги реализираме преку канцеларијата во Прилеп, како и директно на терен преку мобилни тимови кои ги посетуваат руралните средини на Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, и поширокиот Пелагониски плански регион, но и преку онлајн и телефонска комуникација. На овој начин, годишно обезбедуваме околу 1200 услуги и ангажираме повеќе од 100 претставници од заедниците, различни групи и институции во заеднички активности.

Здружението е основано во 2018 година и од тогаш континуирано работи на зајакнување на заедниците и застапување за системски промени.

Терминот „станица“ го симболизира местото каде што граѓаните секогаш можат да се обратат за поддршка, додека „П.Е.Т.“ е акроним за правна едукација и транспарентност, вредности што се во срцето на нашата работа.

Основните цели кон кои е насочена нашата работа и дејствување се:

  • Да им се овозможи едукација и асистенција на граѓаните во насока на остварување на нивните права, со фокус кон ранливите и маргинализирани групи, посебно кон Ромите, во делот на здравствени и социјални права.
  • Да се поттикнат институциите на системот на транспарантност и одговорност во работата, прилагодена спрема потребите на граѓаните.
  • Да се промовира еднаквост на граѓаните по сите основи, преку преземање на активности за превенција и заштита од дискриминација.
  • Да се поттикнат физичките и правните лица за нивно вклучување во акции од хуманитарен карактер, со цел намалување на сиромаштијата.
  • Да се овозможат услови за мултиетничка и социјална кохезија и делување преку вклучување на лица од различни етнички, географски и социјален профил како можност да се постигне реален и ефективен придонес за позитивни општествени промени.
  • Да се придонесе кон постигнување на родова рамноправност и справување со постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените, во насока на унапредување на вклученоста на жените во општествените процеси.

Визија

Овозможен пристап до правда за секој граѓанин.

Мисија

Да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка на институциите.

Проекти

ПРОГРАМА: ПРИСТАП ДО ПРАВДА

  • Правна поддршка и едукација за социјални права на ранливи граѓани во Пелагонискиот регион (мај 2026 – септември 2026), поддржан од Здружение на граѓани Институт за човекови права Скопје, финансиран од Европската Унија.
  • Legal Empowerment Fund – institutional support (јули 2024 – јуни 2025) поддржан од Fund for Global Human Rights (преку Legal Empowerment Fund)
  • „Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” (јанаури-декември 2024) – Национален демократски институт НДИ – Северна Македонија
  • Економско и социјално зајакнување на повратници Роми во Прилеп, (февруари 2024 – септември 2024) поддржан од УНДП
  • Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација (јуни 2023 – август 2024), поддржан од Македонско здружение на млади правници преку проект финансиран од Европската Унија
  • Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија (март 2023 – март 2025), Поддржан од Хелсиншки комитет за човекови права преку проект финансиран од Европска Унија
  • Зајакнување на повратниците Роми преку еднаков пристап до економски и социјални права (декември 2022 – мај 2023) поддржан од УНДП
  • Legal Empowerment Fund – institutional support (јуни 2022 – јуни 2024) поддржан од Fund for Global Human Rights (преку Legal Empowerment Fund)
  • Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција (април-ноември 2022) поддржан од Национален Демократски Институт (НДИ)
  • Преку вклучување на Ромите кон унапреден процес на следење на контактите за превенција во време на пандемија (мај-август 2022) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
  • Пристап до правда за најмаргинализираните (јануари 2022 – јули 2023) Поддржан од: ЕУ – ЕИДХР, Во партнерство со: Фондација Отворено општество Македонија, ХОПС Опции за здрав живот – Скопје
  • Центар за пристап до правда (октомври 2021 – декември 2022) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
  • Граѓанските приоритети, темел на јавните услуги и политики (септември – декември 2021) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, преку проект од Влада на РСМ
  • Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија ( мај 2021 – септември 2022), со поддршка од МЦМС – Цивика Мобилитас, во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права и ХОПС Опции за здрав живот Скопје
  • Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби, преку партиципативно и проактивно дејствување (мај – септември 2021), поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
  • Mobile office for paralegal aid (февруари – декември 2021) со поддршка од Ukrainian Legal Aid Foundation
  • COVID-19 GRASSROOTS JUSTICE PROJECT (декември 2020 – август 2021) Со поддршка од: The Fund for Global Human Rights
  • Пристап до правда за најмаргинализираните (јануари 2020 – јули 2021) Поддржан од: ЕУ – ЕИДХР, Во партнерство со: Фондација Отворено општество Македонија, ХОПС Опции за здрав живот – Скопје
  • Центар за пристап до правда (јануари 2020 – септември 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
  • Организирање на заедницата за одговор на кризата (јуни 2020 – август 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
  • Центар за пристап до правда (јануари 2019 – декември 2019) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија

ПРОГРАМА: РОДОВА ПРАВДА

  • Сигурно прибежиште: инклузивна поддршка за жени од маргинализирани групи (февруари 2026 – јули 2026), финансиран од Европската Унија, како суб-грант на проект имплементиран од Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и др.
  • Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина (октомври 2025 – февруари 2029), финансиран од Kvinna til Kvinna Foundation, во рамки на билатерална програма за субгрантирање на женски граѓански организации спроведувана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
  • Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца (јуни 2025 – мај 2026), финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) како дел од Меѓународни Партнерства Австрија (International Partnerships Austria), како суб-грант во рамки на проект имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
  • Заедно против насилство: Подобрување на информираноста и реакција на заедницата (декември 2024 – мај 2026), поддржан од Европската Унија преку Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
  • Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија (јули 2024 – јуни 2026), поддржан од Цивика Мобилитас преку програмата за грантови за граѓански ангажман, во партнерство со Центар за граѓанскa иницијативa ЦГИ од Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти од Долнени

ПРОГРАМА: ПРАВЕДНА ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА

  • Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина (август 2025 – мај 2026), финансиран од Европската Унија, како суб-грант во рамки на проект имплементиран од Македонско здружение на млади правници и др.
  • Паметно зелено село за одржлива иднина (декември 2024 – август 2025 ), поддржан од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан
  • Утврдување на влијанијата на социјалните и економски детерминанти врз животната средина на Ромите (јануари-декември 2022) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, преку проект од СЗО
  • Климатска правда за маргинализираните граѓани (мај – декември 2021) со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија

 

ПРОГРАМА: ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И АНТИ-КОРУПЦИЈА

  • Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството (септември 2025 – февруари 2027), финансиран од Expertise France преку Француската агенција за развој, кој го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ Скопје, во партнерство со Македонска асоцијација на гинеколози и обстетричари МАГО, СТАНИЦА ПЕТ, Хуманитарно здружение МАЈКА – Куманово, Женски форум – Тетово и Граѓанска иницијатива на жени – Свети Николе.
  • „Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“ (април – мај 2024), Поддржан од National Endowment for Democracy, преку Центар за истражување и анализи НОВУС
  • Граѓански ангажман за подобра иднина (ноември 2022 – април 2023) поддржан од IFES – International Foundation for Electoral Reforms преку МЦМС
  • Правна едукација за борба против корупција (јуни 2020 – март 2021) Со поддршка од: УСАИД – Проект за граѓанско учество/Фондација Отворено општество Македонија
  • Намалување на корупцијата во здравството и образованието на локално ниво (ноември 2019 – октомври 2020) Со поддршка од: Фондација Отворено општество Македонија, Во партнерство со: Центар за граѓански комуникации , Центар на заедницата на Општина Струга

 

ПРОГРАМА: ОРГАНИЗАЦИСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ

  • Социјално претпријатие КЛУБ ПЕТ (јануари 2021 – јануари 2022) поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија
  • Транспарентно делување за отчетно однесување (јуни 2020 – ноември 2020) Со поддршка од: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

 

ПРОГРАМА: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

  • Младински клубови – Дебата и Учиме  право (септември 2023 – сеуште) – Младински образовен форум  
  • Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени (јуни – ноември 2023), поддржан од Македонска развојна фондација за претпријатија преку проект финансиран од Европската Унија
  • Младите заедно за градење мир, меѓуетничка толеранција и управување со конфликти (март – мај 2024) – RYCO