Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес

На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина е правна едукација на граѓаните, но и отвореноста на институциите за соработка кои се клучни елементи за враќање на довербата во механизмите за заштита. Јавната трибина се одржа како дел од проектот: „Борба против корупција“ имплементиран од Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансирана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

За време на трибината, од страна на проектниот координатор Џенгис Бериша беа презентирани поединечно спроведените активности од проектот и видео записот „Корупција и судир на интереси“ кој преку илустративен приказ на основни информации за борбата против корупција и постапката/механизмите за пријавување, а претставничката од ФООМ ги презентираше извештајот и резултатите од истражувањето во врска со корупцијата на локално ниво и набљудување на системите на интегритет во 5 општини (Желино, Карпош, Дојран, Охрид и Прилеп).

Правната советничка од Здружение Станица П.Е.Т. – Христина Здравеска ги презентираше резултатите кои произлегоа од спроведувањето на проектните активности и секојдневната комуникација со граѓаните кои биле жртви на коруптивно однесување или судир на интереси. Согласно ова, таа сподели дека обичниот граѓанин најчесто не може да ја препознае корупцијата, бидејќи никој од нас не знае кое однесување и постапување е коруптивно.

Воедно, учесниците имаа можност да дадат и свои коментари, да дискутираат и да ги споделат своите искуства поврзани со корупцијата.

За крај беше резимирано дека потребно е:

  1. Правилно и сепфатно идентификување на случаи на корупција на локално ниво
  2. Креирање на пракса за соодветно постапување
  3. Разбивање на митот околу појавата на корупција како апстрактна и недостижна за обичниот граѓанин
  4. Препознавање и преземање на конкретни мерки за борба против корупција од страна на граѓаните, особено од маргинализираните заедници, кои се најпогодени од оваа појава на локално ниво и
  5. Креирање на сеопфатни позитивни промени во наративот на сите засегнати страни, бидејќи пристапот не ги таргетира само граѓаните, туку паралелно со нив и здруженијата и локалните институции.

On 30th of March 2021 was held the activity: „Public debate on the importance of recognizing corruption and conflict of interest”. It took place with a physical presence in the premises of the social enterprise „Club LET”, established within the LET STATION and live streaming on the ZOOM online platform, given the specific situation due to the COVID pandemic. The purpose of the public debate is legal education of the citizens, but also the openness of the institutions for cooperation which are key elements for restoring the trust in the protection mechanisms. The public debate was held as part of the project: „Fight against Corruption” implemented by the Association for Legal Education and Transparency LET STATION, and funded by the USAID Civic Engagement Project.

During the debate, the project coordinator Dzengis Berisha presented individually implemented activities of the project and the video „Corruption and conflict of interest” which through an illustrative presentation of basic information on the fight against corruption and the reporting procedure/mechanisms, and the representative from FOSM presented the report and the results of the research regarding corruption at the local level and monitoring of the integrity systems in 5 municipalities (Zelino, Karpos, Dojran, Ohrid and Prilep).

The legal advisor from the Association LET STATION – Hristina Zdraveska presented the results that emerged from the implementation of project activities and daily communication with citizens who have been victims of corrupt behavior or conflict of interest. According to this, she shared that the ordinary citizen usually can not recognize corruption, because none of us knows what behavior and actions are corrupt.

At the same time, the participants had the opportunity to give their comments, discuss and share their experiences related to corruption.

Finally, it was summarized that it is necessary:

  1.  Correct and comprehensive identification of cases of corruption at the local level
  2. Creating a practice for appropriate action
  3. Breaking the myth about the emergence of corruption as abstract and unattainable for the ordinary citizen
  4. Recognition and undertaking of concrete measures for fight against corruption by the citizens, especially from the marginalized communities, which are most affected by this phenomenon at local level and
  5. Creating comprehensive positive changes in the narrative of all stakeholders, because the approach does not target only the citizens, but in parallel with them the associations and local institutions.

Leave a Reply

Последни новости

Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Втора фокус група
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box