Новости

Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст.
Read More

Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше Три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 –...
Read More

ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ

На ден 28.12.2022 година во просториите на КЛУБ ПЕТ се одржа јавен настан за промоција на публикацијата ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – Анализа на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во Република Северна Македонија. На настанот говорници беа Весна Шапкоски – извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. која зборуваше...
Read More

Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување

Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите. Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе...
Read More

„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т.
Read More

Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата

На ден 21.07.2022 во прсториите на КЛУБ ПЕТ се одржа обука за зајакнување на капацитетите на здравствените промотори и параправници на здружението која беше посветена на заштитата на правата на пациентите, препознавање и навремено реагирање во случај на идентификувани злоупотреби. Темата за обуката беше избрана како резултат на актуелните случувања во областа здравство, односно истражувачката...
Read More

Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!

Во периодот 08.06.2022 - 14.07.2022, во текот на шест работни денови, во просториите на Клуб ПЕТ се одржа Интер-религиска школа за комуникации, на која учество зедоа вкупно 17 претставници од 4 здруженија на граѓани и 3 религиозни групи.
Read More

Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали

Во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, подготвени беа промотивни материјали за информирање и едуцирање на грѓаните од маргинализираните заедници. Во периодот мај-јули 2022 година, четири посебни акции за распределба на промотивните материјали беа организирани меѓу граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Read More

Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации

Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. во рамките на проектот: „Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција“, објавува Повик за учесници на Интер-религиската школа за комуникации.
Read More
1 2 3 11