ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 25 септември 2021 во општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во населба Тризла 2, м.в. Кај Крстот, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од климатските промени кои се случуваат глобално, како и свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните граѓани.

Оваа креативна акција е дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. со цел овозможување на пристап до климатска правда за граѓани од маргинализирани заедници, преку идентификување на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните групи на граѓани, од што се очекува да произлезе креирање на партнерство за вклученост на граѓаните и нивните климатски потреби во програма на локалната самоуправа. Акцијата е резултат на претходно спроведено мапирање на диви депонии во нас. Тризла 2, при што беа идентификувани четири локации (Три Багреми, Дебарца, Покрај Касарни и м.в. Кај Крстот) каде се создадени диви депонии кои не ги задоволуваат ниту основните еколошки стандарди и се на штета на здравјето на граѓаните и целокупната животна средина.

Преку спроведување на оваа активност се очекува решавање на проблемот со дивите депонии преку опфаќање на двете маала: Три Багреми и Дебарца со ДУП и предвидување на регуларна депонија по стандарди кои ги задоволуваат критериумите за заштита на животната средина. Со ова ќе се придонесе кон зголемување на климатската свест кај граѓаните, но и кај локалните институции за заштита на здравјето на граѓаните, но и актуелизирање на проблемот со дивите депонии и нивното штетно влијание, со што ќе се овозможи притисок од јавноста за решавање на истиот.

Перформансот на креативната акција се состоеше во изградба на проектот “Дива депонија” во нас. Тризла 2, м.в. Кај Крстот (Дебарца), каде на површина повеќе од 1 км2 се гради куп од најразличен отпад, при што симболично го обележавме второто „градилиште“ во нас. Тризла 2, м.в. Кај Крстот (Дебарца) со соодветна табла и црвена лента, бидејќи особина на сите нас е да бегаме од одговорност. Сметаме дека овој проект се гради сам од себе, без поддршка од никого, а “придобивките” од загадувањето ќе ги користат сите граѓани на општина Прилеп и пошироко.

Погледнете ја актуелната состојба со депонијата на следниот линк


*Креативната акција се реализира во рамки на проектот “Климатска правда за најмаргинализираните граѓани” со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на СТАНИЦА П.Е.Т. и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на ФООМ.

Association for Legal Education and Transparency LET Station on 25th of September 2021 in the municipality of Prilep conducted a Creative action to inform and raise awareness regarding the danger of climate change. The action took place in the settlement Trizla 2, m.v. Kaj Krstot, which aimed to raise awareness and inform the general public about the dangers of climate change occurring globally, as well as drawing public attention to the climate risks in which marginalized citizens find themselves.

This creative action is part of the project: Climate Justice for Marginalized Citizens”, implemented by the Association for Legal Education and Transparency LET Station in order to provide access to climate justice for citizens from marginalized communities, by identifying illegal landfills that endanger the environment, drawing public attention to the climate risks in which marginalized groups of citizens are located, which is expected to result in the creation of a partnership for inclusion of the citizens and their climatic needs in the program of the local self-government. The action is a result of previously conducted mapping of illegal landfills in our country. In the settlement Trizla 2 where identified four locations (Tri Bagremi, Debarca, Pokraj Baraki and m.v. Kaj Krstot) where illegal landfills were created that do not meet even the basic environmental standards and are detrimental to the health of citizens and the overall environment.

By implementing this activity, it is expected to solve the problem with illegal landfills by covering the two neighborhoods: Tri Bagremi and Debarca with DUP and envisaging a regular landfill according to standards that meet the criteria for environmental protection. This will contribute to increasing the climate awareness of the citizens, but also the local institutions for protection of citizens’ health, but also actualizing the problem with illegal landfills and their harmful impact, which will enable public pressure to address it.

The performance of the creative action consisted in the construction of the project “Wild Landfill” in the settlement Trizla 2, m.v. Kaj Krstot (Debarca), where a pile of various waste is being built on an area of ​​more than 1 km2, and we have symbolically marked the second “construction site” in us. Trizla 2, m.v. Kaj Krstot (Debarca) with a suitable board and a red ribbon, because it is a characteristic of all of us to run away from responsibility. We believe that this project is being built on its own, without the support of anyone, and the “benefits” of pollution will be used by all citizens of the municipality of Prilep and beyond.

See the current state of the landfill at the following link:


*The creative action is realized within the project „Climate Justice for the most marginalized citizens” with the support of the Foundation Open Society – Macedonia. The content is the sole responsibility of LET Station and in no way can it be considered as expressing the views and opinions of FOSM.

Последни новости

Младите заедно за градење мир, меѓуетничка толеранција и управување со конфликти
април 19, 2024
Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп
април 12, 2024
Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво
февруари 29, 2024
Информативен караван: „Поблиску до иновативни идеи“
февруари 21, 2024
Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво
февруари 13, 2024
Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“
декември 12, 2023
Интер-религиски инфо караван
декември 7, 2023
Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања
ноември 4, 2023
Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво
ноември 3, 2023
ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво
октомври 19, 2023
Студиска посета во Келн, Германија
октомври 12, 2023
СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп
октомври 10, 2023
5 години Станица ПЕТ
септември 21, 2023
ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија
септември 15, 2023
Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп
август 1, 2023
Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“
јули 22, 2023
Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
јуни 30, 2023
Студиска посета во Грачаница, Косово
јуни 28, 2023
Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE
јуни 23, 2023
Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!
јуни 22, 2023
Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“
мај 23, 2023
Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја
април 24, 2023
Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа
април 10, 2023
Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
април 7, 2023
Креативна акција: „Градот и трите градинки“
април 4, 2023
Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп
март 3, 2023
Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп
декември 29, 2022
ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ
декември 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
ноември 30, 2022
„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби
ноември 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
јули 21, 2022
Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!
јули 15, 2022
Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали
јули 8, 2022
Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
мај 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
март 23, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021