ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 24 септември 2021 во општина Кривогаштани спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во село Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од климатските промени кои се случуваат глобално, како и свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните граѓани.

Оваа креативна акција е дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. со цел овозможување на пристап до климатска правда за граѓани од маргинализирани заедници, преку идентификување на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните групи на граѓани, од што се очекува да произлезе креирање на партнерство за вклученост на граѓаните и нивните климатски потреби во програма на локалната самоуправа. Акцијата е резултат на претходно спроведено мапирање на диви депонии во општина Кривогаштани, при што беше идентификувана една депонија на м.в. Ливадски пат, каде е создадена дива депонија која не ги задоволува ниту основните еколошки стандарди и е на штета на здравјето на граѓаните и целокупната животна средина.

Преку спроведување на оваа активност се очекува решавање на проблемот со дивите депонии преку предвидување на регуларна депонија по стандарди кои ги задоволуваат критериумите за заштита на животната средина. Со ова ќе се придонесе кон зголемување на климатската свест кај граѓаните, но и кај локалните институции за заштита на здравјето на граѓаните, но и актуелизирање на проблемот со дивите депонии и нивното штетно влијание, со што ќе се овозможи притисок од јавноста за решавање на истиот.

Перформансот на креативната акција се состоеше во изградба на проект “Дива депонија” во близина на с. Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, каде во должина од повеќе од 1 км се гради куп од најразличен отпад. Со акцијата симболично беше обележано „градилиштето“ со соодветна табла и црвена лента. Бидејќи особина на сите нас е да бегаме од одговорност, сметаме дека овој проект се гради сам од себе, без поддршка од никого. “Придобивките” од загадувањето ќе ги користат сите граѓани на општина Кривогаштани и пошироко.

Погледнете ја актуелната состојба на депонијата, на следниот линк:


 *Креативната акција се реализира во рамки на проектот “Климатска правда за најмаргинализираните граѓани” со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на СТАНИЦА П.Е.Т. и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на ФООМ.

Association for Legal Education and Transparency LET Station on 24th of September 2021 in the municipality of Krivogashtani conducted a Creative action to inform and raise awareness regarding the danger of climate change. The action took place in the village of Krivogashtani, m.v. Livadski pat, which aimed to raise awareness and inform the general public about the dangers of climate change occurring globally, as well as drawing public attention to the climate risks in which marginalized citizens find themselves.

This creative action is part of the project: Climate Justice for Marginalized Citizens”, implemented by the Association for Legal Education and Transparency LET Station in order to provide access to climate justice for citizens from marginalized communities, by identifying illegal landfills that endanger the environment, drawing public attention to the climate risks in which marginalized groups of citizens are located, which is expected to result in the creation of a partnership for inclusion of the citizens and their climatic needs in the program of the local self-government. The action is a result of previously conducted mapping of illegal landfills in the municipality of Krivogashtani, during which one landfill was identified on m.v. Livadski pat, where an illegal landfill has been created that does not meet even the basic environmental standards and is detrimental to the health of citizens and the overall environment.

By implementing this activity, it is expected to solve the problem with illegal landfills by envisaging a regular landfill according to standards that meet the criteria for environmental protection. This will contribute to increasing the climate awareness of the citizens, but also the local institutions for protection of citizens’ health, but also actualizing the problem with illegal landfills and their harmful impact, which will enable public pressure to address it.

The performance of the creative action consisted in the construction of a project “Wild Landfill” near the village Krivogashtani, m.v. Livadski pat, where a pile of various wastes is being built in a length of more than 1 km. The action symbolically marked the “construction site” with an appropriate board and a red ribbon. Because it is a characteristic of all of us to run away from responsibility, we believe that this project is built on its own, without the support of anyone. The “benefits” from the pollution will be used by all citizens of the municipality of Krivogashtani and beyond.

You can see the current state of the landfill at the following link:


* The creative action is realized within the project „Climate Justice for the most marginalized citizens” with the support of the Foundation Open Society – Macedonia. The content is the sole responsibility of LET STATION. and in no way can it be considered as expressing the views and opinions of FOSM.

Leave a Reply

Последни новости

Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција
декември 10, 2020
Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување
ноември 30, 2020
Реакција на граѓанските организации – „Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза“
ноември 19, 2020
Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и нов Народен правобранител
ноември 18, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година
ноември 17, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија
ноември 10, 2020
Јавна дискусија: „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“
октомври 30, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box