Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД

Во периодот од 01-03 септември 2021 година, се одржа активноста: „Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација“, насловена како: „Што и колку знаеме за дискриминацијата“. Целта на активноста беше учесниците да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и неговата имплементација, како и механизмите за заштита.

На обуката зедоа учество 18 учесници (параправниците на Станица П.Е.Т., промоторите во заедницата, како и заинтересирани припадници на маргинализирани заедници).

Обуката се одржа онлајн на платформата Zoom, под водство на обучувачките Драгана Дрндаревска и Наташа Бошкова од Коалиција Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација.

На првиот ден од обуката, учесниците имаа можност да учат за правото на еднаквост, законски дефиниции за дискриминацијата, основите за заштита од дискриминација и облиците на дискриминација преку анализа на националната правна рамка и дискусија со конкретни примери на дискриминација од секојдневното искуство на учесниците. Исто така, учесниците дискутираа за начините на препознавање на видовите дискриминација (асоцијација по перцепција, повеќекратна, повторена и продолжена/интерсекциска) и спречувањето наспроти заштитата од дискриминација, исклучоци од нееднаквиот третман, како и товарот на докажувањето.

На вториот ден од обуката акцентот беше ставен на разбирањето и препознавањето на интерсекциската дискриминација, при што се обрна посебно внимание на маргинализираните заедници (посебно Ромската заедница и граѓаните кои живеат во рурални средини). Заедно со учесниците беа изведени дефиниции за расната и родовата дискриминација кои се едни од најзастапените и од кои најмногу се засегнати граѓаните. Обучувачката напомена дека често граѓаните имаат проблеми околу препознавањето на овие видови дискриминација, што особено ја доведува во прашање еднаквоста на граѓаните во општеството.

Третиот ден од обуката учесниците со обучувачката дискутираа за националната правна рамка и законските можности за користење на механизмите за заштита и спречување на дискриминација, при што беше утврдено дека граѓаните можат да се обратат до Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, суд и Уставниот суд на РСМ доколку им е загрозено некое право, а е поврзано со дискриминација по различен основ.

На крајот на обуката беа споделени и заклучоци од претходно наученото, па така беше утврдено дека:

  1. Дискриминацијата е присутна насекаде околу нас и обврска на сите е да се спротивставиме и залагаме за нејзино искоренување.
  2. Дискриминацијата може да биде спречена и да се заштитиме од истата, само доколку сме добро запознаени со нејзината суштина, нејзините видови и облици.
  3. Познавањето на законот од страна на граѓаните ќе доведе до негово активно користење во служба на заштита на правата на граѓаните.
  4. Институциите можат да ни помогнат само ако ние не се плашиме да ја споделиме нашата приказна и ги правиме сите можни законски напори за да издејствуваме правда и еднаквост помеѓу граѓаните.
  5. Дискриминацијата може да се сузбие само ако целосно и навремено ги користиме сите можни механизми за заштита.

In the period from 01-03rd of September 2021, was held the activity: “Promotion of the new Law on prevention and protection against discrimination and CSSD in cooperation with the Network for Protection against Discrimination”, entitled: “What and how much we know about discrimination”. The purpose of the activity was to introduce the participants to the basic concepts of discrimination, the new Law on Prevention and Protection against Discrimination and its implementation, as well as the protection mechanisms.

The training was attended by 18 participants (paralegals of LET Station, community promoters, as well as interested members of marginalized communities).

The training was held online on the Zoom platform, under the guidance of trainers Dragana Drndarevska and Natasha Boskova from the Coalition Margins and the Network for Protection against Discrimination.

On the first day of the training, participants had the opportunity to learn about the right to equality, legal definitions of discrimination, grounds for protection against discrimination and forms of discrimination through analysis of the national legal framework and discussion with specific examples of discrimination from participants’ daily experience. Participants also discussed ways of recognizing the types of discrimination (association by perception, multiple, repeated and prolonged / intersectional) and prevention versus protection against discrimination, exceptions to unequal treatment, and the burden of proof.

On the second day of the training, the emphasis was on understanding and recognizing intersectional discrimination, with special attention paid to marginalized communities (especially the Roma community and citizens living in rural areas). Together with the participants, definitions of racial and gender discrimination were made, which are one of the most common and most affected by the citizens. The training note that citizens often have problems recognizing these types of discrimination, which especially calls into question the equality of citizens in society.

On the third day of the training, the participants discussed with the trainer the national legal framework and the legal possibilities for using the mechanisms for protection and prevention of discrimination, and it was determined that the citizens can turn to the Ombudsman, the Commission for Prevention and Protection against Discrimination, court and The Constitutional Court of RSM if any of their rights are endangered, and it is related to discrimination on different grounds.

At the end of the training, were shared conclusions from the previously learned, so it was determined that:

  1. Discrimination is present everywhere around us and it is the duty of all to oppose and strive for its eradication.
  2. Discrimination can be prevented and protected from it only if we are well acquainted with its essence, its types and forms.
  3. Knowledge of the law by the citizens will lead to its active use in the service of protection of citizens’ rights.
  4. Institutions can only help us if we are not afraid to share our story and make every possible legal effort to achieve justice and equality among citizens.
  5. Discrimination can be suppressed only if we fully and timely use all possible protection mechanisms.

Leave a Reply

Последни новости

Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Втора фокус група
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box