Летна школа за параправници

„Ако правото не е достапно за сите тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!“    

Во периодот 28-30 јули 2021 година, се одржа летна школа за параправници која ја организираше Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Главната цел на обуката беше параправниците да стекнат поголеми познавања за правата и постапките кои произлегуваат од социјалната заштита, работни односи, лична документација, бесплатна правна помош, дискриминација и статусни прашања, а воедно и да споделат искуства, прашања и предизвици со кои се соочиле во текот на изминатата година во која делуваат како правници на терен. Моментално, Станица П.Е.Т. има четири параправници кои делуваат во општините Кривогаштани, Долнени, Мариовскиот регион и ромската заедница во општина Прилеп. Обуката се одржа во Хотел Дрим во Струга.

За време на летната школа параправниците предводени од правниците во здружението стекнаа дополнителни знаења поврзани со различни права  и проблеми со кои најчесто се соочуваат граѓаните од руралните средини, но и во ромската заедница. Обучувач на летната школа за параправници беше Џенгис Бериша – правник во Здружение Станица П.Е.Т.

Темите кои се обработуваа првиот ден од летната школа ги опфатија правата поврзани со заштитата од дискриминација, народниот правобранител како еден од механизмите за заштита од дискриминација и бесплатната правна помош која ја даваат овластените здруженија, подрачните одделенија на министерството за правда и правните клиники низ државата.  Така, параправниците покрај теоретските запознавања и насоки, имаа можност да ги споделат своите прашања и искуства од теренската работа кои ги идентификувале во секојдневното делување помеѓу граѓаните. Истакнаа дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за улогата и значењето на институцијата Народен правобранител, со оглед на фактот што неговата улога потекнува и дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните.

Вториот ден од летната школа за параправници беше посветен на правата од социјална заштита и работни односи, кои се едни од основните права со кои граѓаните имаат најголеми потешкотии при нивното остварување, а се од исклучително значење за нивното нормално и безбедно функционирање и обезбедување на добра материјална положба. Во однос на остварувањето на овие права, параправниците истакнаа дека граѓаните како од руралните средини, така и од ромската заедница се соочуваат со негативни решенија за остварување на права од социјална заштита, често имаат сфаќања дека за нив постојат само права, но не и обврски (пр. за пријавување на приходи, различни промени во правото, промена во фактичката состојба и сл.), а исто така, во голем број ситуации на институциите им треба долго време за да одлучат по барањата на граѓаните и покрај фактот што истите се наоѓаат во тешка ситуација и им е потребно што поскоро остварување на правото. Во однос на правата кои произлегуваат од работен однос, параправниците ги наведоа проблемите на работниците во големите фабрики каде често потпишуваат изјави без да ги прочитаат, понекогаш се плашат и да прашаат што потпишуваат, им наметнуваат високи норми кои е невозможно да ги остварат, а уште потешко можат да користат денови од одмор, кои им следуваат согласно законот, при што беше донесен заклучок дека на граѓаните им е потребна дополнителна едукација, но и институционална поддршка и заштита во случај на пријава на неправилности кај работодавачите.

Третиот ден од летната школа, параправниците и правниците на здружението дискутираа за правата поврзани со лична документација и статусни прашања, при што како основни проблеми беа наведени долгото чекање за издавање на било каков личен документ, а посебно патна исправа и возачка дозвола, но и неажурноста на институциите при закажување на термини за сликање за лични документи, а уште подолгата постапка за издавање на истите поради недостиг на вакви документи во МВР. Како позитивен пример единствено беше наведена Управата за водење матични книги, каде граѓаните можат во рок од еден ден, но и порано да добијат извод од матична книга на родени, венчани или умрени, но и да добијат ваков документ и покрај фактот што потекнуваат од друго место, различно од моменталното место на живеење. Како дополнителен проблем беше наведена постапката за издавање на државјанство за странец кога е во брак со државјанин на РСМ или врз основа на годините на законски престој, која често е долга и трае по неколку години, па граѓаните не можат да остваруваат права кои се од основно значење за нивната егзистенција. Како предлог за решавање на овие состојби беше наведено дека е потребно зајакнување на соработката со институциите, но и правење дополнителен “притисок“ врз нивната работа за решавање на постапките за државјанство во законски определениот рок.


*Летната школа е дел од активностите кои се спроведуваат во рамки на проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Европската Унија.

„If law is not available to all then justice is not available to all. And if justice is not available to all, it is not a right but a privilege!“

In the period 28-30th of July 2021, was held a summer school for paralegals organized by the Association for Legal Education and Transparency LET Station. The main goal of the training was for the paralegals to get acquainted with the rights and procedures arising from social protection, labor relations, personal documentation, free legal aid, discrimination and status issues, as well as to share experiences, issues and challenges they faced during of the past year in which they act as lawyers in the field. Currently, in the LET Station are active four paralegals operating in the municipalities of Krivogashtani, Dolneni, Mariovo region and the Roma community in the municipality of Prilep. The training was held at Hotel Drim in Struga.

During the summer school, the paralegals led by lawyers in the association gained additional knowledge related to various rights and problems that are most often faced by citizens from rural areas, but also in the Roma community. The trainer of the summer school for paralegals was Dzengis Berisha – jurist in the Association LET Station.

Topics covered on the first day of summer school included rights related to protection against discrimination, the ombudsman as one of the mechanisms for protection against discrimination and free legal aid provided by authorized associations, regional offices of the Ministry of Justice and legal clinics across the country. Thus, the paralegals, in addition to the theoretical acquaintances and directions, had the opportunity to share their questions and experiences from the field work that they identified in the daily activities among the citizens. They concluded that the awareness of the citizens should be raised about the role and importance of the Ombudsman institution, given the fact that its role originates and acts in order to protect the rights of citizens.

The second day of the summer school for paralegals was dedicated to the rights of social protection and labor relations, which are one of the basic rights with which the citizens have the greatest difficulties in their realization, and are extremely important for their normal and safe functioning and providing good material position. Regarding the exercise of these rights, the paralegals pointed out that citizens from both rural areas and the Roma community face negative solutions for exercising social protection rights, they often have the understanding that for them there are only rights, but not obligations (ex. for reporting income, various changes in the law, change in the factual situation, etc.), and also in many situations the institutions need a long time to decide on the requests of the citizens despite the fact that they are in difficult situation and they need to exercise the right as soon as possible. With regard to employment rights, paralegals cited the problems of workers in large factories where they often sign statements without reading them, sometimes get scared and ask what they sign, impose high norms that are impossible to achieve, and more It is more difficult for them to use vacation days, which are due to them according to the law, and it was concluded that the citizens need additional education, but also institutional support and protection in case of reporting irregularities to the employers.

On the third day of the summer school, the paralegals and jurists of the association discussed the rights related to personal documentation and status issues. They discussed that the main problems are the long wait for the issuance of any personal document, especially passport and driver’s license, but also lack of updates of the institutions when scheduling appointments for taking pictures for personal documents, and even longer procedure for issuing them due to lack of such documents in the Ministry of Interior. As a positive example was only mentioned the Registry Office, where citizens can within one day, but also earlier to receive a birth certificate, married or deceased, but also to receive such a document despite the fact that they come from another place other than your current place of residence. An additional problem was the procedure for issuing citizenship to a foreigner when he is married to a citizen of the Republic of North Macedonia or based on the years of legal residence, which is often long and lasts for several years, so citizens can not exercise rights that are basic significance for their existence. As a proposal for resolving these situations, it was stated that it is necessary to strengthen the cooperation with the institutions, but also to make additional “pressure” on their work to resolve the citizenship procedures within the legally defined deadline.


*The summer school is part of the activities implemented within the project: “Access to justice for the most marginalized”, implemented by the Foundation Open Society – Macedonia, HOPS – Options for Healthy Life Skopje and LET Station with the support of the European Union.

Leave a Reply

Последни новости

Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Втора фокус група
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција
декември 10, 2020
Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување
ноември 30, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box