Иницијална средба на Советот во заедницата

Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 09.06.2021 година, одржа иницијална средба на Советот во заедницата во согласност со активност 1: Создавање на потребната структура во заедницата, во рамки на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, финансиски поддржан од Светска здравствена организација. Активноста се одржа во просториите на социјалното претпријатие Клуб ПЕТ, кое е дел од Здружение Станица П.Е.Т. На средбата учество зедоа 10 членови на Советот во заедницата и 5те промотори во заедницата кои ќе учествуваат во спроведување на истражувањето во проектот.

Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризна состојба преку обезбедување на активно учество на граѓаните.

Главните обврски и задачи на членовите на Советот во заедницата опфаќаат: претставување на интересите на различни групи во заедницата, присуство на членовите на пет дневна обука за запознавање со концептот и процесот на закрепнување и навремена реакција во кризни состојби и подготовка на планови, учество при подготовка на мапа на расположливи капацитети на заедниците во насока на подготовка на плановите за закрепнување и навремена реакција во кризни состојби, учество при идентификување на соработниците од различни сектори застапени во заедницата кои можат да помогнат во обезбедување на целосен и сеопфатен одговор во услови на кризна состојба, активно учество при подготовка на планот за закрепнување и навремена реакција во кризни состојби, учество на работилница за стратешко планирање и присуство на една Национална конференција.


Проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“ го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во партнерство со Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., поддржан од Светска здравствена организација.

The Association for Legal Education and Transparency LET Station Prilep, on 09.06.2021, held an initial meeting of the Community Council in accordance with activity 1: Creating the necessary structure in the community, within the project: “Improving the process of recovery and timely response of the Roma community in crisis through participatory and proactive action”, financially supported by the World Health Organization. The activity took place in the premises of the social enterprise Club LET, which is part of the Association LET Station. The meeting was attended by 10 members of the Community Council and 5 community promoters who will participate in conducting research in the project.

The aim of the project is to improve the process of recovery and timely response of the Roma community in crisis by ensuring active participation of citizens.

The main responsibilities and tasks of the members of the Community Council include: representing the interests of different groups in the community, attending the members of a five-day training to get acquainted with the concept and process of recovery and timely response to crises and preparation of plans, participation in preparation on the map of available capacities of the communities in order to prepare plans for recovery and timely response in crisis situations, participation in identifying collaborators from different sectors represented in the community who can help provide a full and comprehensive response in times of crisis, active participation in the preparation of the plan for recovery and timely response in crisis situations, participation in a workshop on strategic planning and attendance at a National Conference.


Project: Improving the process of recovery and timely response of the Roma community in crisis situations through participatory and proactive action” is implemented by the Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women – ESE, in partnership with the Citizens association for Health, Social and Educational Support Initiative for Development and Inclusion of Communities” – IRIZ, Association for Development and Promotion of the Roma Community – Romano Chachipe, Association of Citizens and Educationists for protection of the rights of women and children – LIL and Association for Legal Education and Transparency LET Station, supported by the World Health Organization.

Leave a Reply

Последни новости

Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Втора фокус група
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box