Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и социјалните права – препознавање и механизми за заштита”.
Обуката беше наменета за група активисти на здружението наречени Промоторите во заедницата, со цел да се едуцираат и истовремено преку практични примери да препознаат дискриминација и други повреди на здравствените и социјалните права, како и примена на механизмите за заштита.
Работата на обуката беше поделена во два дена, со тоа што првиот ден беше резервиран за презентирање на општите начела на дискриминацијата и како форма на поврда на правата и препознавање на дискриминацијата и другите повреди на здравствените и социјалните права, а вториот ден за улогата на институцијата Народен правобранител во заштита на правата и постапка за заштита од дискриминација и други повреди на правата пред оваа институција.
На обуката активно учество зедоа вкупно 25 лица, кои се стекнаа со општи познавања да препознаат дискриминација, научија за формите и облиците на дискриминација, како и за поднесувањето на претставки до надлежни институции. На ваков начин се зајакнува организирањето на заедницата за препознавање на повредите на правата и се поттикнува активизмот за преземање институционални мерки кога таквите повреди ќе се случат.
Согледувања од обуката: