СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.

 Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на обуките беше граѓаните да се запознаат со поимот корупција и судирот на интереси како појави и каква е штетата од нив, начинот на регулирање на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија, како и начинот на поднесување на пријава до Државна комисија за спречување на корупција. Првата обука се одржа на 29 октомври во х. Кристал Палас, а втората се спроведе онлајн, на 9 декември – Меѓунaродниот ден за борба против корупција.

На обуките зедоа учество 54 учесници – граѓани на општина Прилеп и околните рурални места, од кои најголем дел беа маргинализирани групи на граѓани кои се сретнале со корупција но имале проблем да ја идентификуваат, а често не знаеле ниту каде да се обратат во таков случај.

Обуките беа во насока на едукација за препознавање на корупцијата и судирот на интереси и начинот на пријавување со тоа што преку овие активности се придонесе кон пошироко отворање на прашањето за корупцијата и важноста и одговорноста кај секој од нас да презема мерки за борба против неа.

Заклучоци од обуките:

  1. вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и со самото тоа се подложни на контрола од страна на граѓаните и институциите на системот
  2. за корупцијата треба да се зборува гласно, бидејќи таа го засега квалитетот на живот на граѓаните
  3. граѓаните треба да се охрабруваат и да поднесуваат пријави до Државната комисија за спречување на корупција и да ги користат механизмите на системот како би ја оствариле правдата
  4. борбата со корупција никаде не престанала, па нема да престане и во нашата држава, но треба активно да работиме на изнаоѓање механизми за спречување и сузбивање на истата, но и да се делува на свеста на граѓаните за пријавување на корупција
  5. потребно е и институционално и правно зајакнување како на Државната комисија за спречување на корупција, така и на граѓаните за идентификување и пријавување на истата.

Воглавно, проектот: „Правна едукација за борба против корупција“ е насочен кон намалување на корупцијата на локално ниво, зголемена едукација и овозможување на информираност и правна помош на граѓаните, особено од маргинализираните заедници за идентификување и пријавување на случаи на корупција и судир на интереси.


 

In the past period, LET STATION organized two educational trainings on Anti-Corruption in which citizens had the opportunity to gain knowledge related to recognizing and reporting corruption and conflict of interest.

 The trainings for recognition and reporting of corruption were held within the project: Legal education for fight against corruption”, implemented by LET STATION and funded by the USAID Civil Engagement Project. The purpose of the trainings were to acquaint the citizens with the term corruption and conflict of interests as occurrences and what is the damage from them, how to regulate corruption and conflict of interest in the Republic of North Macedonia, as well as how to file a complaint to the State Commission for Prevention of corruption. The first training was held on October 29 in h. Kristal Palas, and the second was held on December 9 – International Anti-Corruption Day.

The trainings were attended by 54 participants – citizens of the municipality of Prilep and surrounding rural areas, most of whom were marginalized groups of citizens who encountered corruption but had trouble identifying it, and often did not even know where to turn in such a case.

The trainings were aimed at education for recognizing corruption and conflict of interests and the way of reporting by contributing to a wider opening of the issue of corruption and the importance and responsibility of each of us to take measures to combat it.

Conclusions from the trainings:

  1. Тhe exercise of power, function, public authority, official duty and matters of public interest are public and thus subject to control by the citizens and the institutions of the system.
  2. Corruption should be spoken out loud, because it affects the quality of life of citizens.
  3. Citizens should be encouraged to report to the State Commission for Prevention of Corruption and use the mechanisms of the system to achieve justice.
  4. The fight against corruption has not stopped anywhere, so it will not stop in our country, but we should actively work on finding mechanisms to prevent and combat it, but also to act on the awareness of citizens to report corruption.
  5. Institutional and legal strengthening of both the State Commission for Prevention of Corruption and the citizens for identification and reporting is needed.

In general, the project: Legal education for fight against corruption” is aimed at reducing corruption at the local level, increased education and providing information and legal assistance to citizens, especially from marginalized communities to identify and report cases of corruption and conflict of interest.


 

Leave a Reply

Последни новости

Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Втора фокус група
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021
Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“
март 11, 2021
Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните
февруари 22, 2021
„Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
февруари 17, 2021
94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
февруари 1, 2021
Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
јануари 16, 2021
Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.
декември 31, 2020
СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција
декември 28, 2020
Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!
декември 24, 2020
ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
декември 24, 2020
Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“
декември 22, 2020
Претставници на СТАНИЦА П.Е.Т. зедоа учество на практична програма за правно зајакнување
ноември 30, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box