Со цел да се избегне организирањето на масовни собири, нашите Промотори во заедницата во периодот март – април остварија околу 200 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, поделија флаери со препораките од СЗО и Министерството за здравство и средства за лична хигиена.
Активноста беше насочена кон семејствата кои поради сиромаштијата, лошите услови за живеење и социјалната исклученост имаат потешкоти во пристапот до информациите за начинот на заштита од ширењето на КОВИД-19 и набавка на средства за лична хигиена.
Јавното здравје е заедничка одговорност!