Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп од почетокот на оваа година започна со идејата за развој на социјално претпријатие во рамките на здружението, кое ќе нуди услуги за издавање простор за организација на настани и индивидуална работа.Read More
Изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во ромската заедница во општина Прилеп и во општина Кривогаштани, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање.Read More
Во периодот од 01-03 септември 2021 година, се одржа активноста: „Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација“, насловена како: „Што и колку знаеме за дискриминацијата“. Целта на активноста беше учесниците да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, новиот Закон за спречување...Read More
Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп.Read More
Ако правото не е достапно за сите тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија! Во периодот 28-30 јули 2021 година, се одржа летна школа за параправници која ја организираше Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.Read More
На 27.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше втора средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т.Read More
Во изминатиот период параправниците од Станица П.Е.Т. ја промовираа Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени помеѓу граѓаните од овие региони и околните села.Read More
Во изминатиот период здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 160 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион (с. Витолиште, с. Штавица), с. Кривогаштани и с. Воѓани, с. Долнени, с. Ропотово и с. Дупјачани, како и Ромската заедница во населба Тризла на кои преку делење на промотивен материјал – маичка ги едуцираа за...Read More
„Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдатанеепривилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, со цел...Read More
На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т.Read More