Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација“ поддржан од Европската унија, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За ангажирање на еден (1) психолог
Општи информации за Проектот
СТАНИЦА П.Е.Т. го спроведува проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација “.Општа цел на Проектот е зајакнување на осудените лица преку подобрување на можностите и условите за нивна ресоцијализација и реинтеграција на локално ниво. Проектот е финансиски поддржан од Европска Унија а се спроведува од Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското пенолошко друштво и Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР.
Опис на активноста предмет на овој повик
Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активностите:
А.1. Обезбедување на услуги и директна поддршка на поранешни осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи.
А.2. Обезедување на услуги во КПУ Затвор Прилеп на осудени лица кои ги издржуваат последните 6 месеци од казната.
Цели, работни задачи и производ од ангажманот
- Обезбедување на директна психолошка помош и поддршка на поранешни осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи како и советување и вклучување во специфични програми за зависност од дрога/алкохол.
- Обезбедување на услуги на психосоцијална поддршка и советување во КПУ Затвор Прилеп на осудени лица кои ги издржуваат последните 6 месеци од казната.
- Учество во подготовка на Индивидуални планови за реинтеграција на поранешно осудени лица и лица спрема кои се вршат пробациски работи.
- Учество во периодични средби за следење на имплементацијата на подготвените индивидуални планови.
- Соработка со проектниот тим за време на ангажманот како и со претставници од КПУ Затвор Прилеп, Центар за социјална работа Прилеп, АВРСМ-Центар за вработување Прилеп, Канцеларија за пробација Прилеп.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (психологија);
- Работно искуство во областа најмалку 1 година;
- Искуство во работење или комуникација со целните групи на проектот ќе се смета за особена предност;
- Строго почитување рокови.
Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:
- CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
- Мотивационо писмо.
Сите кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Вид на позиција: упразнета
Времетраење на договорот: 11 месеци
Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: stanicapet@gmail.com, најдоцна до 28.09.2023 година, до 12 часот, со назнака: за јавен оглас – психолог.

