17 март 2022 година
Од 24 февруари 2022 година, нашите колеги во Украина се најдоа во воена зона. Русија брутално ја нападна Украина, започнувајќи нелегална војна против мирољубив сосед. Руската неиспровоцирана агресија достигна страшни размери. Путин и неговите соработници се лично одговорни за ова злосторство – гранатирање цивилни области, уништување на објекти на социјалната инфраструктура, убиства на цивили и затворање на про-украински активисти.
Но, како резултат на руската агресија, украинското општество стана покохезивно, посилно и поефикасно. И ние, како организации за правно зајакнување, имаме задача да ја одиграме нашата улога.
Нашите браќа и сестри од Украина ги мобилизираат сите свои мрежи и ресурси за да им помогнат на нивните заедници. Луѓето доаѓаат кај нивните параправници и правници за правна помош, за документи за преминување на границата, за нивните права во воена состојба, привремено сместување и преселување, поддршка за мали бизниси и други работи. Нашите украински колеги обезбедуваат логистичка поддршка за дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи храна, облека и лекови. Тие помагаат во управувањето со кризата, помагајќи да се подобри комуникацијата помеѓу локалните власти, жителите, волонтерите и внатрешно раселените лица.
Тие остануваат силни за украинските заедници! Дури и оние кои се на териториите окупирани од Русија продолжуваат да работат. Тие често се единствените кои сега обезбедуваат правна помош на луѓето во овие области.
Да застанеме заедно со Украина! Да застанеме задно со украинските бранители на правдата!
Нашите колеги формираа коалиција од украински организации и активисти – Коалиција за Солидарност и Правда – кои го зајакнуваат правниот капацитет на заедниците низ целата земја. Тие ќе ги координираат иницијативите на локално ниво, ќе споделуваат ефективни искуства, ќе ги поврзат барањата за правна помош со поширока мрежа на адвокати и ќе создадат хуманитарни синџири за снабдување и безбедни рути за евакуација. Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија повикува да се поддржат украинските заедници и работата на украинските бранители на правдата. Дури и во време на војна, правното зајакнување е од суштинско значење.
[Донирајте за Украинската Коалиција за Солидарност и Правда]
На сите наши пријатели и сојузници во Мрежата за правно зајакнување и пошироко, ви благодариме за вашата солидарност. Борбата на нашите украински браќа и сестри не е само за иднината на Украина, туку и за сите борци за правда на браникот на демократијата.
Основниот тим
на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија