Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор и именување на Собранието во рок од 14 дена по истекот на рокот на огласот треба да достави утврдена предлог – листа на кандидати до Собранието. Комисијата за избор и именување треба да организира јавна расправа по пријавените кандидати на која треба да ги повика сите заинтересирани чинители, а особено здруженијата на граѓани кои работат во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.  Во таа насока, Комисијата за избор и именување веќе доцни, односно не ги почитува роковите од членот 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ја користиме оваа прилика да апелираме изборот да се изврши по заслуги, да се изберат стручни и независни експерти како членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, потсетуваме дека членовите мора да имаат минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација (член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација). Потсетуваме дека избор на членови кои не ги исполнуваат критериумите, односно по партиски клуч, ја загрозува и анулира улогата на Комисијата, нејзината независност гарантирана со закон, директно влијае на (не)довербата на граѓаните во институцијата и доведува до несоодветно спроведување на Законот, со што се спречува процесот на унапредување на еднаквоста во општеството. Од друга страна, потсетуваме за недостатокот на родова еднаквост помеѓу членовите на Комисијата, само една жена наспроти четири мажи. Исто така, потенцираме дека во претходните постапки за избор на членови на КСЗД аплицираа повеќе жени и припадници на маргинализирани групи кои ги исполнуваа законските критериуми, но не беа избрани за членови. Оттука, овие две места треба да се пополнат со жени и/или жени од маргинализирани групи, доколку помеѓу кандидатите има лица со овие карактеристики кои ги исполнуваат условите за стручност и независност.

Собранието треба да избере два члена на Комсијата за спречување и заштита од дискриминација, за да ги пополни позициите кои долго време се празни, поради што институцијата работи со недоволно капацитети за да ги оствари законските надлежности. Сметаме дека одолговлекувањето на изборот на членови на Комисијата претставува неодговорно делување од страна на Собранието и пратениците, бидејќи на ваков начин не се почитуваат законите кои самото Собрание ги носи и се оневозможува целосно функционирање на институцијата, како што и индиректно влијаат врз остварувањето на човековите права и слободи на граѓаните.

Потсетуваме и на забелешките и препораките од Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2022 година, во кој се истакна дека Собранието не успеало да ги пополни празните места во Комисијата и дека проблемите со финансиските и човечките капацитети на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба приоритетно да се надминат.

Скопје, 6.4.2023

Лице за контакт: Драгана Дрндаревска Dragana.coalition@gmail.com 078200675

Последни новости

Good Deeds Day in Prilep
April 12, 2024
Open day for affirming active measures and existing opportunities to support social and business entrepreneurship
February 29, 2024
Information caravan: "Closer to innovative ideas"
February 21, 2024
Meeting to strengthen multi-sectoral cooperation at the local level
February 13, 2024
Field action: "All victims of gender-based violence do not look the same!"
December 12, 2023
Inter-Religious Info Caravan
December 7, 2023
Participation in a promotional event to monitor election promises
November 4, 2023
Educational school for social and business entrepreneurship
November 3, 2023
PUBLIC CALL - For expert for engagement in the role of social and business expert entrepreneurship
October 19, 2023
Study visit in Cologne, Germany
October 12, 2023
STOP the poisoning! - environmental justice for the citizens of Prilep
October 10, 2023
5 years LET Station
September 21, 2023
PUBLIC CALL for hiring psychologist
September 15, 2023
The partner organization Centar Manjinske Zaednice is visiting Prilep
August 1, 2023
Summer School: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans"
July 22, 2023
Final conference - Project: "Access to justice for the most marginalized"
June 30, 2023
Study visit to Gracanica, Kosovo
June 28, 2023
First Regional Meeting of COPASAH EUROPE
June 23, 2023
With the donkey Marko on the way to accelerated development!
June 22, 2023
International Scientific Conference "Human rights and access to justice for the most marginalized communities - theory and practice"
May 23, 2023
Public event - exhibition 22 April – Earth Day
April 24, 2023
The great victories of the common people – success stories from our work
April 10, 2023
Creative action: „The city and the three kindergartens"
April 4, 2023
Submitted Petition for the opening of new kindergartens to the Municipality of Prilep
March 3, 2023
Three community forums were held about the lack of kindergartens in the municipality of Prilep
December 29, 2022
JUSTICE DELAYED IS JUSTICE DENIED – promotion of the analysis of the functionality of mechanisms for access to justice in the RNM
December 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
November 30, 2022
„Diversities that connect us" - artworks exhibition
November 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
July 21, 2022
Inter-religious school of communication - a step toward increased tolerance and understanding
July 15, 2022
Justice is not a privilege - distribution of promotional materials
July 8, 2022
Call for applications for participants of the Inter-Religious School of Communications
June 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
May 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
March 23, 2022
Partnership for Legal Empowerment in Eastern Europe and Central Asia Statement on Russia’s invasion of Ukraine
March 17, 2022
Intersectional discrimination in access to public goods and services in Prilep
December 28, 2021
PROTECT THE ENVIRONMENT - EDUCATIONAL CARAVAN!
December 24, 2021
Mobile Office for paralegal aid
December 23, 2021
Second focus group
December 7, 2021
Public Procurement Marathon - "Is there any progress?"
December 3, 2021
First Focus Group
November 30, 2021
Club LET promoted at the First Regional Fair of social enterprises from the Pelagonija region
November 26, 2021
NPAD Opinion: Compulsory vaccination is not an illegal restriction of rights or discrimination
November 22, 2021
Announcement
November 19, 2021
PUBLIC CALL - To hire 1 (one)expert for preparation of 4 (four) short public policy documents/infographics
November 11, 2021
ANNOUNCEMENT
November 11, 2021
LET Station is the winner of the award „3rd of November" from the Municipality of Prilep
November 5, 2021
PRESS RELEASE - The European Commission demands full implementation of the Law on Prevention and Protection against Discrimination
October 25, 2021
Повик за анкетари
October 7, 2021
Final Conference: „Access to Justice for the Most Marginalized"
October 1, 2021