Во периодот октомври-ноември, 2022 година, беше подготвен и дистрибуиран промотивен материјал со порака за важноста од споделување на навремени и точни информации со пациентите, како клучен фактор кој води кон успешен процес на лекување и заштита на правата на пациентите.
Пораката произлезе од работата на нашите здравствени промотори во заедницата и од актуелизирањето на повеќе случаи на прекршување на повреди на права на пациентите во јавноста, каде е идентификувана недоволна и нејасна информираност на пациентите за текот и начинот на лекување, што понатаму води кон други можни злоупотреби и манипулации.






Преку овој промотивен материјал, кој беше дистрибуиран на 60тина претставници од заедниците и од локалните здравствени и други установи, испративме порака дека точната информација е право на секој пациент и дека таа е клучна во процесот на успешно лекување.
* Промотивниот материјал е подготвен во рамки на проектот Центар за пристап до правда кој се реализира со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на СТАНИЦА П.Е.Т. и ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија.