Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“ поддржан од Цивика Мобилитас, објавува:
ПОВИК
за ангажирање на пет (5) анкетари за спроведување на базичен комбиниран прашалник за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација
Опис на активноста
Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста А4 од Проектот насловена како Спроведување на базичен комбиниран прашалник за ранливите и маргинализирани заедници за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација која треба да се спроведе во текот на месец ноември. Анкетарите треба врз претходно подготвен прашалник да анкетираат вкупно 150 лица припадници на маргинализирани заедници.
Работни задачи:
Потребни квалификации:
Времетраење на договорот: 1 месец
Заинтересираните кандидати да испратат своја кратка биографија (CV) на е-маил: stanicapet@gmail.com, најдоцна до 15.10.2021 година.
Text box item sample content