Во текот на месец март 2022, подготвен е инфографик со резултатите од спроведени фокус-групи со жени-Ромки и млади Роми од Прилеп, кои се соочиле со дискриминација. Во него се поместени најважните податоци од искуствата на учесниците во фокус-групите, а кои се однесуваат на областите и основите за дискриминација, со посебен осврт на интерсекциската дискриминација.
2/3 од учесниците сметаат дека се соочиле со дискриминација.
1/3 од учесниците сметаат дека биле дискриминарани по повеќе основни, т.е. дека се соочиле со интерсекциска дискриминација.
Етничката припадност и бојата на кожата се најчестите основи на дискриминација.
Пристапот до добра и услуги е најзастапена област на дискриминација.


*Активноста е дел од проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“ кој се реализира со финансиска поддршка од Civica Mobilitas.