Creative action: „Get Informed, Sign Up and Get Vaccinated!"

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во Општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата за вакцинација за заштита од КОВИД-19.

Акцијата се одржа на 2 јуни 2021 година на плоштад Александрија – Камена бина во Прилеп, со почеток од 10:00 часот. Целта на акцијата беше информирање и подигнување на свесноста на пошироката јавност во однос на вакцинацијата за заштита од КОВИД-19, како и давање на практична помош на граѓаните да се регистрираат во онлајн системот vakcinacija.mk.

Оваа креативна акција е главна, а од неа се очекува да произлезат помали акции во одредени населени места и тоа: ромската населба – Тризла во општина Прилеп, како и руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и дополнителни вистинити информации преку кои би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата кои постојано се шират по социјалните мрежи. Со оглед на фактот што во Прилеп и околните рурални места живеат голем број граѓани кои со соочуваат со различни економски, социјални и географски бариери, како и поради фактот што постојат голем број дигитално неписмени луѓе, вестите и соопштенијата кои Владата на РСМ ги објавува во врска со вакцинацијата за заштита од КОВИД-19 не можат да допрат до пошироките народни маси кои се оневозможени да се информираат, да се пријават и да се вакцинираат.

Перформансот се состоеше од креативно изработен симбол од корона вирусот и шприц во голем формат посветен на вакцината за заштита од КОВИД-19, се споделуваа информации во врска со имунизацијата преку дистрибуција на малечки картонски симболични шишенца со вакцини кои треба да ги добијат граѓаните што поскоро и што помасовно како би се обезбедил колективен имунитет. Исто така, беше отворен и штанд на кој граѓаните имаа можност да се информираат и да се пријават за вакцинација, во истиот момент.

Во изминатиот период во услови на здравствена криза и светската пандемија поради КОВИД-19, маргинализираните групи на граѓани се соочуваат со дополнитени предизвици, особено поради недостапноста на вакцините против КОВИД-19 до овие групи на граѓани, кои немаат финансиски средства да патуваат до друг град, со оглед на фактот што во нашиот град не можат да примат друга вакцина, освен Астразенека. И покрај фактот што пред 7 дена, во Прилеп се отвори и првиот вакцинален пункт, во моментов се аплицираат единствено вакцините на производителот Астразенека кои се наменети за граѓани над 60 годишна возраст, а останатите граѓани се приморани да патуваат до Битола за да примат вакцина од друг производител што ги изложува на дополнителни трошоци кои не се во можност да ги покријат.

Преку спроведување на оваа активност се очекува зголемување на бројот на пријавени граѓани за вакцинација што ќе доведе до масовна имунизација и создавање на колективен имунитет кај населението во Република Северна Македонија кое дополнително ќе придонесе за олабавување на заштитните мерки кои често претставуваат терет за граѓаните кои не можат да си дозволат континуирано почитување на истите поради економската или социјалната состојба во која се наоѓаат.


*Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија со Центарот за современи уметности од Скопје, а на обуката и во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп); ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје); Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје) и Здружение Национален Ромски Центар (Куманово).

 

Association for Legal Education and Transparency LET Station from Prilep, together with the partner organizations: Association for Development and Promotion of the Roma Community Romano Chachipe (Skopje), National Roma Centrum (Kumanovo), IRIZ – Initiative for Development and Inclusion of the Communities from Skopje, Center for Contemporary Arts from Skopje and The Foundation Open Society – Macedonia, in the Municipality of Prilep conducted a Creative action to inform and raise awareness about the need for vaccination for protection against COVID-19.

The action took place on 2nd of June 2021 on the square Alexandria – Stone stage in Prilep, starting at 10:00. The purpose of the action was to inform and raise awareness of the general public regarding the vaccination for protection against COVID-19, as well as providing practical assistance to citizens to register in the online system vakcinacija.mk.

This creative action is major, and it is expected to result in smaller actions in certain settlements, such as: Roma settlement – Trizla in the municipality of Prilep, as well as rural areas where citizens need digital support to provide a vaccination appointment, as well as additional true information that would get rid of the false news related to vaccination that is constantly spread on social networks. Considering the fact that in Prilep and the surrounding rural areas live a large number of citizens who face various economic, social and geographical barriers, as well as due to the fact that there are a large number of digitally illiterate people, the news and announcements published by the Government of North Macedonia with the vaccination for protection against COVID-19 can not reach the wider masses of the people who are unable to be informed, to report and to be vaccinated.

The performance consisted of a creatively crafted coronavirus symbol and a large-format syringe dedicated to the COVID-19 immunization vaccine as massively as possible to ensure collective immunity. A stand was also opened where citizens had the opportunity to be informed and apply for vaccination, at the same time.

In the past period in conditions of health crisis and the global pandemic due to COVID-19, marginalized groups of citizens face additional challenges, especially due to the unavailability of vaccines against COVID-19 to these groups of citizens who do not have the funds to travel to another city, given the fact that in our city they can not receive any vaccine other than Astrazeneka. Despite the fact that 7 days ago, the first vaccination point was opened in Prilep, currently only the vaccines of the manufacturer Astrazeneka are applied, which are intended for citizens over 60 years of age, and other citizens are forced to travel to Bitola to receive vaccine from another manufacturer that exposes them to additional costs that they are unable to cover.

Through the implementation of this activity is expected to increase the number of citizens registered for vaccination which will lead to mass immunization and the creation of collective immunity in the population in the Republic of North Macedonia which will further contribute to easing protective measures that are often a burden for citizens who can’t afford continuous observance of them due to the economic or social situation in which they find themselves.


* The action is part of the training for creative activism of Roma organizations conducted by the Foundation Open Society – Macedonia with the Center for Contemporary Arts from Skopje, and the training and the creation and implementation of the action are attended by representatives of the Association for Legal Education and Transparency LET Station (Prilep); IRIZ – Initiative for Development and Inclusion of Communities (Skopje); The Association for Development and Promotion of the Roma Community Romano Chachipe (Skopje) and the Association National Roma Centrum (Kumanovo).

Leave a Reply

Последни новости

Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
June 2, 2022
Partnership for Legal Empowerment in Eastern Europe and Central Asia Statement on Russia’s invasion of Ukraine
March 17, 2022
Intersectional discrimination in access to public goods and services in Prilep
December 28, 2021
PROTECT THE ENVIRONMENT - EDUCATIONAL CARAVAN!
December 24, 2021
Mobile Office for paralegal aid
December 23, 2021
Second focus group
December 7, 2021
Public Procurement Marathon - "Is there any progress?"
December 3, 2021
First Focus Group
November 30, 2021
Club LET promoted at the First Regional Fair of social enterprises from the Pelagonija region
November 26, 2021
NPAD Opinion: Compulsory vaccination is not an illegal restriction of rights or discrimination
November 22, 2021
Announcement
November 19, 2021
PUBLIC CALL - To hire 1 (one)expert for preparation of 4 (four) short public policy documents/infographics
November 11, 2021
ANNOUNCEMENT
November 11, 2021
LET Station is the winner of the award „3rd of November" from the Municipality of Prilep
November 5, 2021
PRESS RELEASE - The European Commission demands full implementation of the Law on Prevention and Protection against Discrimination
October 25, 2021
Повик за анкетари
October 7, 2021
Final Conference: „Access to Justice for the Most Marginalized"
October 1, 2021
ACCESS TO CLIMATE JUSTICE THROUGH CREATIVE ACTION - Trizla settlement
September 28, 2021
Distribution of promotional materials for education for protection from Covid-19
September 28, 2021
ACCESS TO CLIMATE JUSTICE THROUGH CREATIVE ACTION – Municipality of Krivogashtani
September 27, 2021
Handbook on Legal Empowerment and Inclusive Innovation: How it developed the idea for LET Club?
September 18, 2021
Mapping illegal landfills for access to climate justice for marginalized people
September 16, 2021
Online training for Promotion of the new Law on prevention and protection from discrimination and CPD
September 7, 2021
LET STATION with promotional activity for health care - distribution of supplements and quick tests for prevention of Covid-19
August 30, 2021
Summer School for Paralegals
August 3, 2021
Second meeting and workshop of the Community Council
July 27, 2021
MOPA Promotion - Mobile Office for Paralegal Aid
July 27, 2021
LET Station with promotional activity: “Get vaccinated! Get informed! Protect yourself!"
July 27, 2021
Educational caravan "Justice is not a privilege"
July 27, 2021
First meeting and workshop of the Community Council
July 13, 2021
PhotoVoice Workshop
July 2, 2021
Anyone who discriminates must be held accountable! LET Station with condemnation for discriminatory behavior against Roma!
June 29, 2021
Research on the need to establish a mobile office for paralegal assistance
June 10, 2021
Initial meeting of the Community Council
June 10, 2021
Helsinki Committee for Human Rights in partnership with LET Station and HOPS part of Civica action grantees
May 19, 2021
LET STATION with promotional activity for health care
May 12, 2021
Reaction: Constitutional Court to take the first step towards providing justice for Eurostandard Bank depositors
April 6, 2021
LET STATION organized the final public debate on the importance of recognizing corruption and conflict of interest
March 31, 2021
Informative video on Fighting Corruption
March 22, 2021
LET STATION with anti-corruption educational activity
March 16, 2021
Online discussion: „Emancipation and domestic violence - regulation and practice"
March 11, 2021
Legal review and opinion regarding the proposal to add a column for ethnicity in the ID cards of citizens
February 22, 2021
„Accessibility of court decisions in the field of protection against discrimination in the Republic of North Macedonia"
February 17, 2021
94 civil society organizations say "YES" to equality, inclusion, gender equality and protection against discrimination and violence in the new concept of primary education reform
February 1, 2021
We ask the Assembly to immediately vote on the new composition of the Commission for Prevention and Protection against Discrimination
January 16, 2021
Celebrate responsibly! - is the message sent before the New Year by the health promoters of the L.E.T. Station
December 31, 2020
LET STATION organized an anti-corruption education day
December 28, 2020
The Assembly of the Republic of North Macedonia has hidden the open call for Ombudsperson from the public! We request that the Assembly annuls the call and republish it in a transparent manner!
December 24, 2020
DURING A PANDEMIC CITIZENS SEEK LEGAL ASSISTANCE FROM CIVIL SOCIETY ORGANIZATIONS
December 24, 2020
First public forum: "Promotion of the Law on Free Legal assistance"
December 22, 2020

Повикај итна параправна помош!

Holler Box